Папата за шпанско радио: Кога Папата е болен се крева ураган од шпекулации за конклави

Папата за шпанско радио: Кога Папата е болен се крева ураган од шпекулации за конклави

Шпанската радио станица COPE во среда на 1 септември во 8 часот ќе емитува интервју со папата Фрањо во кое зборува за својата здравствена состојба по операцијата на која беше подложен во јули.

Како што се наведува на официјалните страници на COPE тоа е прво интервју на Светиот Отец за шпанска радио станица и прво интервју по операцијата на дебелото црево која ја имаше во јули. Најавувајќи го интервјуто новинарот Карлос Херера кој разговараше со папата Фрањо истакна дека разговорот трае час и половина и дека во Ватикан отишле „со голем број прашања и се вратиле со многу одговори.“

Меѓу останатото Папата зборува за својата здравствена состојба. „Жив сум“, рече Папата на Херера, додавајќи дека животот му го спасил еден медицински техничар. „Тоа е втор пат медицински персонал да ми го спаси животот – првиот пат беше во 1957 година,“ порача Папата. На прашањето за шпекулациите за неговото повлекување од должноста заради возраста или здравјето Светиот Отец рече дека „кога Папата е болен се крева ветер или ураган со шпекулации за конклави.“

Освен за здравјето, Карлос Херера истакна дека Светиот Отец допрел различни теми – прашањето за Авганистан, евтаназијата во Шпанија, миграцијата и Каталонија.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот