Папата за финалето на Светското фудбалско првенство: Спортот помага за средба на луѓето

„Светското фудбалско првенство овозможи да се сретнат луѓе од различни нации и религии. Спортот секогаш некаја помага културата на средби”. Ова го пишува Папата Фрањо во твитер пораката објавена на неговиот Твитер профил @ Pontifex на девет јазици.

Под знакот на дијалогот и мирот е и иницијативата на Папскиот совет за култура „Пазуа за мир“ (Pause for peace), за момент на тишина и молитва за време на финалето на Светското првенство во фудбал 2014, кој ќе се игра на 13 јули во Рио де Жанеиро на стадионот “Маракана “. Целта е да се потсетиме на сите луѓе кои се погодени од војните и конфликтите во целиот свет. „Некоипосакувааттишина за време на натпреварот – стои во соопштението на ватиканската канцеларија – но сите сакаат да се прекине крвопролевањето во бројните региони во светот.”.

Иницијативата беше поттикната од претседателот на Папскиот совет за култура, кардинал Џанфранко Равази со порака на Твитер: по огнот здив од тих ветар (3Цар. 19,12) # PAUSEforPeace # WorldCup2014.

Заменик секртарот на Папскиот совет за култура монс. Мелхиор Санчез де Тока и Алмеда, одговорен на одделот за спорт и култура, рече: Настанувањето на спортот е поврзано со верските празници. За време на големите празници се одржувале игри и барем накратко се прекинувале војните. Тоа го гледаме делумно и денес, кога има некое финале на некое првенство, некоја важна фудбалска утакмица, светот запира, како би гледале 90 минутен натпревар. Кога тоа би можеле да го пренесеме на војната, би му дале можност на мирот.

Монс. Мелхиор Санчез де Тока и Алмеда се надева дека ФИФА ќе организира минута тишина пред почетокот на финалнот натпревар. Тој напомна дека Папскиот совет ја фрли топката и сега се надева дека ФИФА ќе продолжи да ја тркала и ќе вклучи што повеќе луѓе со добра волја. На светот навистина му е потребен мир. На Блискиот Исток повторно се слуша воена грмотевица. Не можеме да дозволиме убавото славење како што е фудбалот да биде расипано со звукот на бомби и солзи на вдовици и сирачиња – истакнува потсекретарот на Папскиот совет за култура во разговорот за Радио Ватикан.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот