Примајќи ги во аудиенција учесниците на собирот насловен „Yes to life!“, папата Фрањо повторно истакна дека секое дете е дар затоа треба да се прифати, сака и да се грижиме за него.
Ниту едно човечко битие не може да биде некомпатибилно со животот – тие зборови на папата Фрањо се утеха за сите кои одлучиле да ја прифатат слабоста на детето или едноставно го придружуваат за време на неговиот краток живот. На 25 мај 2019 година, Папата ги прими во аудиенција учесниците на собирот насловен „Yes to life!“ во организација на Дикастеријата за лаици, семејство и живот заедно со фондацијата „Срце во една капка,“ и посебно истакна дека секое дете го менува животот на семејството во кое се раѓа и дека со пренаталните дијагнози често се откриваат болести кои можат да се лекуваат и во мајчината утроба.
Културата на отфрлање ја наметнува идејата дека слабите деца се некомпатибилни со животот и дека се „осудени на смрт.“ Тоа не може да бида така за мајката која го живее „чувството на длабоко таинство“ штом дознае дека е бремена – објасни Папата. Ниту едно човчко битие не може да биде непомпатибилно со животот, ниту заради својата возраст, ниту заради здравствената состојба, ниту заради квалитетот на својот живот. Скеое дете кое се најавува во утробата на жената е дар кој го менува животот на еден татко, на една мајка, дедо, баба и браќа. И тоа дете треба да се прифати, сака и да се грижиме за него. И тоа секогаш – истакна Папата.
Папата Фрањо зборуваше и за стравот и вознемиреноста кои ги вознемируваат мајките и татковците пред дијагнозата на некоја болест кај нивните деца, но потсети исто така дека има разни патишта за тие мали пациенти, како и за спречувањето на доброволното прекинување на бременоста и откажувањето од лекувањето после раѓањето на голем број деца со тешки болести. Постојат изворедни фармаколошки и хирушки решенија, фетални терапии и перинатални хосписи кои постигнуваат неочекувани резултати давајќи така поддршка на семејствата. Самиот сомнеж за болест, а уште повеќе нејзината потврда го менува доживувањето на бременоста, доведувајќи ги жените и брачните парови до малодушност. Чувството на осаменост, беспомошност и страв од страдањето на детето и на целото семејство се појавува како тивок крик, крик за помош во мракот на болеста за која никој не може да каже како ќе заврши – рече Светиот Отец.
Затоа Папата ги поттикна лекарите нивната цел секогаш да биде оздравувањето, но и светата вредност на животот и да бидат поддршка за сите кои се во неволја и болка. Лекарското занимање е послание, звање за животот и важно е лекарите да бидат свесни дека тие самите се дар за семејствата кои им се доверени; лекари способни да влезат во однос да го преземат товарот на туѓите животи, способни да смируваат, секогаш да се ангажираат во пронаоѓањето на решенија кои го почитуваат достоинството на секое човечко битие.
Не може дете кое е слабо да се абортира со цел превенција. Абортусот никогаш не е одговор кој го бараат жените и семејствата. Пред сѐ стравот од болеста и осаменоста се нешта кои ги поттикнуваат родителите на размислување за тоа – рече Папата истакна дека абортусот не е проблем на верата, туку човечки проблем. Науката на Црквата по тоа прашање е јасна: човечкиот живот е свет и неповредлив, и употребата на пренатална дијагностика за селективни цели треба силно да се спречува затоа што таа е израз на нечовечки евгенистички менталитет кој ги лишува семејствата од можноста да ги примат, прегрнат и да ги сакаат своите најслаби деца – рече папата Фрањо.