Папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта повторно се молеше за семејствата кои започнуваат да ги трпат последиците од пандемијата од коронавирусот. Папата во проповедта се осврна на свештениците, монасите и монахињите кои не заборавиле дека припаѓаат на народот и кои во оваа кризно време им помагаат на сиромашните и болните.
Овие денови во одредени делови на светот се покажаа некои последици на пандемијата од коронавирусот, а една од нив е гладот – рече папата Фрањо во саботата на 28 март 2020 година, на 20 света Литургија која од домот Света Марта е пренесувана преку интернет. Започнуваме да ги воочуваме луѓето кои се гладни, затоа што не можат да работат, затоа што немале постојна работа или заради многу други околности – рече Папата и предупреди: Веќе полека започнуваме да наѕираме што ќе биде подоцна, а што веќе сега започнува да доаѓа. Да се молиме за семејствата кои започнуваат да чувствуваат дека им е потребна помош заради пандемијата од коронавирусот.
Коментирајќи го Евангелието од денешната Литургија, Светиот Отец рече дека е добро свештениците, монасите и монахињите исто така во оваа време да ги завалкаат рацете помагајќи им на сиромашните и болните. Свештеничкиот сталеж – истакна, никогаш не смее да стане елита која е затворена во верската служба одвоена од народот, никогаш не смее да заборави дека припаѓа на народот и дека треба да му служи.
Евангелието вели дека по расправата секој си заминал дома и се вратил на своите уверувања – рече папата Фрањо и истакна: Народот кој го следел Исуса, Го слушал, не бил свесен за времето кое поминало, затоа што Исусовото Слово влегува во срцето. Меѓутоа, закониците го одбиле Исус затоа што не делувал во согласност со законот. Таа група законици односно елитата го презирала на Исус. Но, го презирала и на народот. Светиот народ верен на Бог верува во Исус, Го следи, а таа елитистичка група на книжници се одвојува од народот и не Го прима Исус. Го загубиле чувството на припадност на сопствениот народ.
Народот Божји Го следел на Исус, не знаел зошто, но Го следел; Неговите зборови му доаѓале во срцето и не се одалечувал – рече Папата и потсети: Да се сетиме на умножувањето на лебовите. Народот цел ден бил со Исус. Апостолите му кажале да го отпушти, нека одат да си купат храна. Тие исто така се оделувале од народот, не го презирале, но не сметале дека тие треба да го нахранат. Но, Исусовиот одговор е тие да го нахранат. Повторно ги враќа во Божјиот народ кој е грешен, но го познава патот на спасението.
Проблемот со тогашната елита бил како и денешениот клер; го загубиле чувството за сопствената припадност на Божјиот народ; станале посебна општествена класа и управители – рече Светиот Отец и напомена: Тоа е клерикализам кој веќе тогаш можел да се забележи. Овие денови слушнав како свештениците, монасите и монахињите не би смееле да излегуваат, дека треба да ги делат само светите Тајни, а владата треба да се грижи за храната за народот. Па, опасноста е некои од нив се сметаат за посебна класа која управува и која не би требао да си ги валка рацете со сиромашните.
Често мислам дека тие добри свештеници, монаси и монахињи кои немаат храброст да им служат на сирмашните, го загубиле сеќавањето на сопствената припадност на стадот – рече папата Фрањо и продолжи: „И секој си отиде во својот дом“ – вели Еангелието. Денес мислам на многу мажи и жени кои добро се подготвени за служење на Бог, кои служат на народот и на многу свештеници кои не се одвојуваат од народот. Завчера видов фотографија од свештеник кој по снегот во планините носи монстранца и ги благословува домовите и верниците. Не му беше грижа за студенилото, само му било важно Исус да го носи до луѓето.
Нека секој од нас размисли на која страна е, дали сме во средината помалку неодлучни, се чувствуваме ли верни на Божјот народ кој не може да згреши затоа што има непогрешливост во верувањето – рече Папата и додаде: Да размислиме за елитата која се одвојува од Божјиот народ, за тој клерикализам. На сите нас ќе ни помогне советот кој свети Павле го дал на Тимотеј: „Сети се на својата мајка и на својата баба.“ Павле тоа го советувал затоа што добро знаеме каде води таа смисла на елитата за управување. Папата славењето го заврши со Обожавање и со Евхаристиски благслов, повикувајќи на духовна причест.
Ватикан њуз/к.мк