Папата загрижен за ксенофобијата кон мигрантите и бегалците

Папата загрижен за ксенофобијата кон мигрантите и бегалците

На 22 септември 2017 година, папата Фрањо се сретна со националните директориза пасторал со бегалци и мигранти на Католичките бискупски конференции во Европа.

На 22 септември 2017 година, папата Фрањо се сретна со националните директори за пасторал со бегалци и мигранти на Католичките бискупски конференции во Европа, охрабрувајќи ја притоа Црквата на овој  континент да ги засили напорите во борбата против нетолеранцијата, дискриминацијата и ксенофобијата насочени против мигрантите и бегалците.

Папата вели дека го ражалостува кога ќе види како католичките заедници во Европа исто така заземале одбранбен став кон мигрантите, оправдувајќи ги своите ставови со желбата за зачувување на својот културен и верски идентитет. Потсети дека Црквата токму врз основа на миграциските движења на мисионерите се проширила на сите континенти. Тие мисионери биле уверени во универзалноста на Исусовата порака, макар што низ историјата на Црквата можеле да забележат и тенденција на исклучување.

Светиот Отец рече дека мораме да го препознаеме и разбереме постоечкото чувство на непријатност во Европа во светлината на економската криза која остави длабоки рани. Понатаму, националните влади и заедниците не беа подготвени да се соочат со големиот прилив на мигранти, а спомнатото чувство на непријатност укажува исто така на ограничувањето на европскиот процес за обединување.

Но, од црковна перспектива – продолжи Папата – со доаѓањето на голем број браќа и сестри христијани се нуди прилика на Црквата во Европа да стане „повеќе католичка“. Рече дека многу мигранти и бегалци веќе ги збогатиле парохиите во своите земји домаќини. Од мисионерска перспектива, доаѓањето на мигрантите претставува „нова мисионерска граница“, привилигирана можност за навестување на Евангелието и сведочењето на христијанската вера, притоа покажувајќи длабока почит кон другите верски правци. Тие средби се плодно тло за развивање на искрен и збогатувачки екуменски и меѓурелигиски дијалог – рече папата Фрањо.

Светиот Отец потоа се осврна на пораката за следниот Светски ден на мигранти и бегалци во која со четири глаголи го сумира пасторалниот одговор за миграциските предизвици: прими, заштити, промовирај и интегрирај. Рече дека прашањето за мигрантите и бегалците бара меѓународна соработка и дека Одделот за мигранти и бегалци на Дикастеријата за промовирање на интегрален човеков развој објави акциски план за локалните Цркви, кој содржи 20 точки, а за цел има промовирање на најдобрите пасторални пракси кои претставуваат конкретен одговор на Црквата за потребите на мигрантите и бегалците.

Папата им загарантира на мигрантите и бегалците поддршка во сите фази од миграцијата. Црквата и понатаму ќе ја следи својата задача, имено ќе го љуби Исус Христос, посебно во најсиромашните и напуштените, а во вторите сигурно се вбројуваат мигрантите и бегалците – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот