Папата жали за неговите роднини
Папата Фрањо жали за неговите роднини, кои загинаа во автомобилска несреќа. Папата е во длабока болка и ги моли верниците со него да се обединат во молитва, изјави во вторник 19 август гласноговорникот на Ватикан, о. Федерико Ломбарди.
Тројца роднини на папата Фрањо, Валерија Кармона (39), сопруга не неговиот внук, двете деца, од 8 месеци и две години, загинаа во автомобилска несреќа во аргентинската провинција Кордоба, јавуваат информативните агенции . Во автомобилот се наоѓал и внукот на Папата, Емануел Хорасио Бергољо (35), кој во несреќата е тешко повреден.
Емануел Хорасио Бергољо е син на покојниот брат на папата Фрањо, Алберт Бергољо. Како што јавуваат агенциите, автомобилот во кој се возеле тој и неговото семејство директно удрил во камион. Како последица од силниот удар во автомобилот на Бергољо избувнал пожар.
РВ/го*ко