Папата Фрањо е примен во римската болница Гемели каде во среда попладне ќе биде опериран на абдоменот. Се очекува тој да остане во болница неколку дена за да се овозможи целосно закрепнување.
По завршување на Генералната аудиенција во среда 7 јуни 2023 година, папата Фрањо е примен во римската Универзитетска болница Гемели, каде што денес попладне ќе биде опериран.
Во соопштението објавено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол се вели дека Светиот Отец „ќе биде подложен на лапаротомија и операција на абдоминалниот ѕид под општа анестезија“.
„Операцијата, за која во изминатите неколку дена одлучи лекарскиот тим што му помага на Светиот Отец, стана неопходна поради инцизионална лапароцела (кила) што предизвикува повторливи, болни и влошени субоклузивни синдроми“, се вели во соопштението.
Канцеларијата за печат додаде дека Папата ќе остане во болница неколку дена „за да се овозможи нормален постоперативен тек и целосно функционално закрепнување“.
Приемот на Папата во болницата следува по посетата и консултацијата со лекарите во истата установа во вторник попла
Ватикан њуз/к.мк