Две недели пред почетокот на Епископската синода посветена на младите е објавена Апостолската конституција на папата Фрањо „Episcopalis communion“, за структурата на тоа тело кое во 1965 година го основа папата Павле VI.
Советување со Божјиот народ и синодална Црква во која се врши Петровиот примат може да добие поголем сјај – се некои од карактеристиките на Апостолската конституција „Episcopalis communion“, за структурата на Епископската синода со дата од 15 септември; помалку од еден месец пред почетокот на XV редовно генерално Собрание на Епископската синода која ќе започне на 3 октомври, на тема „Младите, верата и изборот на звањето.“
За доброто на целата Црква
Откако потсети дека Епископската синода ја основа папата Павле VI на 15 септмври 1965 година – точно 53 години пред новата Апостолската конситуција – и дека таа и понатаму е едно од најскапоцените наследства на Вториот ватикански собор, папата Фрањо ја истакна делотворната соработка на Епископската синода со римскиот папа за важните прашања, односно за оние за кои се бара посебно знаење и внимание, за доброто на целата Црква. Во историскиот момент – истакна – во кој Црквата се воведува во нов евангелизациски период преку своето постојаното послание, Епископската синода е повикана сѐ повеќе да стане соодветниот канал за евангелизација на денешниот свет.
Генерален секретаријат
Уште папата Монтини предвидел дека со текот на времето таа институција може да биде усовршувана. Последната ревизија на статутот на Епископската синода „Ordo Synodi“ ја објави папата Бенедикт XVI во 2006 година. Посебно е основан и малку помалку е зацврстен во своето делување Генералниот секртаријат на Епископската синода кој го сочинуваат Генерален секретар и посебен епископски совет.
Грижата на епиксопите за сите Цркви
Со оглед на делотворноста на синодалното делување во однос на прашањата кои бараат брз и соодветен одговор од страна на пастирите, изминатите години се зголемила желбата Синодата да биде сѐ повеќе израз и делотворно остварување на грижата на епископите за сите Цркви, засновни на одлучното уверување дека сите пастири се одредени за служење на светиот Божји народ, на кој самите припаѓаат преку светата Тајна Крштение.
Слушање
Епископот истовремено е учител и ученик – рече Папата – во ангажирањето кое е послание и воедно слушање на гласот на Христос кој зборува преку Божјиот народ, за да го направи „непогрешлив во верувањето.“ Затоа и Синодата треба сѐ повеќе да биде привилегирано средство за слушање на Божјиот народ, и тоа преку консултирање со верниците и партикуларните Цркви затоа што иако според составот тоа главно е епископско тело, не живее одвоено од остатокот на вернците. Таа е соодветно средство за давање на гласот на целиот Божји народ токму преку епископите, чувари, толкувачи и сведоци на верата кои се покажуваат со елоквентниот израз „синодалност“ на самата Црква во која се одразува заедницата на различните култури. Благодарение на Синодата ќе стане појасно исто така дека во неа владее длабокото заедништво помеѓу пастирите и верниците, како и меѓу епископите и Папата.
Единство на сите христијани
Светиот Отец освен тоа се надева дека делувањето на Синодата може на свој начин да придонесе за повторно воспоставување на единството помеѓу сите христијани според Господовата желба. Така – според желбата на свети Иван Павле II. која ја изрази во енцикликата „Ut unum sint“ – ќе помогне Католичката Црква да го пронајде обликот на вршењето на приматот, не откажувајќи се на никаков начин од своето послание, да се отвори за нова ситуација – истакнува во документот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк