Папата: Евхаристијата нека биде центар на нашиот живот

Папата: Евхаристијата нека биде центар на нашиот живот

Празникот на Пресветата Троица е можност за заживување на нашата вера во реалната присутност на Господ во евхаристијата

Поздравувајќи ги поклониците после катехезата на 19 јуни 2019 година, папата Фрањо потсети на празникот Пресвето Тело и Христово, кој го славиме во четврток, опишувајќи го како посебна можност за заживување на нашата вера во реалната присутност на Господ во евхаристијата. Славењето на светата Литургија, евхаристиското обожавање и процесиите низ улиците на градовите и местата нека биде сведоштво за нашата почит и припадност кон Христос, кој ни го дава своето тело и крв како би нѐ хранел со својата љубов и би нѐ направил соучесник во својот живот во славата на Отецот. Празникот на Телото и Крвта Христова е повик на евхаристијата да ѝ дадеме централно место во својот живот. Евхаристијата е таа која ни дава да го живееме животот на Христос и Црквата – рече Светиот Отец на крајот од Генералната аудиенција.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот