Папата: Европа има прекрасно духовно наследство

Папата: Европа има прекрасно духовно наследство

Европа има прекрасно духовно наследство, единствено на светот, кое заслужува да биде повторно истакнато со занес и нова свежина – е пораката на твитер која папата Фрањо ја објави на 11 јули 2017 година, на денот на свети Бенедикт, заштитникот на Европа.

За зборовите на Папата во разговор за Радио Ватикан се осврна кардинал Анџело Бањаско, претседател на Советот на европските бискупски конференции (CCEE), и рече дека тие се многу важни, посебно во овој момент бидејќи има големи тешкотии со кои се соочува Европската унија пред очите на сите.

Затоа тие зборови доаѓаат како важен повик, големо охрабрување за европскиот пат – рече кардиналот и додаде: Би требало да се дојде до умот, до срцето – на што сите се надеваме – на главните одговорни, за пред сѐ лично да се уверат за големото наследство кое Европскиот континент е во целост; значи, унијата, одењето на Европската унија. Понекогаш се стекнува впечаток дека таа свест не е толку сјајна и јасна како што била во срцето на татковците основачи – рече кардиналот и продолжи: Но, без таа свест, без тоа уверување сѐ станува тешко.

На новнинарска забелешка, дека Европа денес изгледа некако уморна и повлечена, кардиналот истакна дека кога ќе се изгуби првичниот идентитет, повеќе не знаеме кои сме. Тогаш исчезнува и занесот, затоа што доаѓа до губење, не знаеме каде треба да одиме, кои сме, што треба да правиме. Тоа е природата на работите, и тоа важи за Европа во целост, како и за само една земја, и за било кој поединец.

Прашањето за нашите христијански корени всушност не е академско или уште полошо, кампаналистичко – додаде кардиналот. Станува збор токму за прашањето што сме, што е Европа во своите корени, во својот повик и послание, за кои Папата напоменува дека е универзално. А тоа е многу важно – истакна на крајот претседателот на Советот на европските бискупски конференции.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот