Папата Фрањо испрати видео порака до ходочaсниците на Светскиот ден на млади во Лисабон, охрабрувајќи ги на заедничко патување исполнето со радост на средбата со Христос
Италијанскиот католички весник Avvenire објави видео порака од папата Фрањо посветена на младите ходочасници кои ќе присуствуваат на Светскиот ден на млади 2023 година во Лисабон, Португалија, од 1 до 6 август.
Во видео порака, Папата го упати својот благослов и охрабрување до група млади Италијанци кои тргнуваат на своето патување на Светскиот ден на млади.
Животот е патување, рече римскиот бискуп. Младите се повикани да патуваат.
Очите насочени кон дестинацијата
Папата Фрањо ги повика младите ходочасници од целиот свет да го насочат погледот кон нивната дестинација, додека радосно одат со другите.
Храбро чекорете напред, секогаш гледајќи кон вашата дестинација, истакна Папата. Направете го тоа со мистикaта на патувањето, секогаш одејќи со другите, а никогаш сами.
Патување на верата
Повеќе од 600.000 ходочасници се пријавија за настанот на Светскиот ден на млади во Лисабон, а многумина веќе го започнаа своето патување кон португалската престолнина.
Некои групи застануваат на различни места на нивното ходочастие, вклучувајќи ја Светата Земја, Камино де Сантијаго во Шпанија и други места низ Европа.
Светскиот ден на младите започнува со неколку катехези на 1 август. Предвидено е папата Фрањо да пристигне на 2 август за да ги придружува младите на нивното патување на вера и братство.
Превод на пораката
Неофицијален превод на видео пораката на Папата:
Драги млади кои одите во Лисабон на Светскиот ден на млади, ви посакувам безбедно патување. Се надевам дека ќе дојдете на средбата исполнети со радост. Животот е патување. Младите се повикани да патуваат. Стремете се храбро напред, секогаш гледајќи кон вашата дестинација. Направете го тоа со мистиката на патувањето, секогаш одејќи со другите, а никогаш сами. Господ нека ве благослови. Ви благодарам за вашиот труд и напорна работа. Пријатен ден!
Ватикан њуз/к.мк