Во обраќањеро до членовите на италијанската фондација за филмска култура (Ente dello Spettacolo) по повод нивната 75-годишнина, папата Фрањо размислуваше за важноста на убавината, која, како што рече, често се „остава настрана“ во теолошките дискусии.
Во понеделник 20 февруари 2023 година Светиот Отец во Ватикан ги прими членовите на италијанската фондација за филмска култура (Ente dello Spettacolo), формирана во рамките на Италијанската бискупска конференција со цел промовирање на кинематографијата во Република Италија.
Оставајќи го настрана подготвениот говор, Светиот Отец им зборуваше на присутните членови за значењето и важноста на концептот на убавина и неговиот однос со хармонијата, што го идентификуваше како дело на Светиот Дух.
Занемарување на убавината
На почетокот, Папата изрази благодарност за работата на луѓето во филмската индустрија, нарекувајќи го дело на убавината.
И покрај нејзината важност, рече Папата, на убавината не секогаш и се посветува доволно внимание во Црквата. Секогаш се остава настрана или барем во ќош, објасни Папата.
И покрај нејзината важност, рече Папата, на убавината не секогаш и се посветува доволно внимание. Теолошките книги често зборуваат за поимот verum – вистина; а за поимот bonum – добро, но не толку за убавината.
Теолошките книги често зборуваат за поимот verum – вистина; како и за поимот bonum – добро, но не толку и за убавината.
Речиси се чини како дискусијата за убавината да не е релевантна за теолошките и пасторалните размислувања, истакна Папата, повикувајќи се на познатата реченица на Достоевски, еден од најважните писатели во историјата, дека убавината е таа што ќе не спаси.
Убавината е хармонија
Убавината, продолжи Римскиот бискуп, е хармонија, дело на Светиот Дух. Кога ќе го видиме делувањето на Светиот Дух, кој ги усогласува разликите тогаш сфаќаме што е убавина. Убавината е дело на Светиот Дух кој усогласува сè – сите спротивности.
Тој го наведе примерот со утрото на Духовден: Настана голема збрка, сите зборуваат, никој не знае што се случува, голем хаос… Духот е тој што го усогласува сето тоа.
Филмот, заклучи Папата, се стреми кон хармонија , а најголемите филмски дела се оние што успеваат да пренесат хармонија, и во радоста и во болката – тоа е човечката хармонија.
Важноста на кинематографијата
Папата Фрањо своето обраќање го заврши со благодарност до присутните членови на Фондацијата, а се осврна и на важноста на филмската индустрија.
Ви благодарам за вашата работа, рече Папата. Тоа е евангелско дело. Поетско дело, бидејќи киното е поезија. Ви благодарам за вашиот пат: продолжете, по стапките на големите. Вие Италијанците имате славна историја за ова. Само така продолжете!
Ватикан њуз/к.мк