Папата Фрањо во петок 29 јануари 2021 година во Ватикан, по повод почетокот на судската година, ги прими судиите на Римската рота, меѓу другото, надлежни за судските постапки поврзани со бракот, предупредувајќи ги дека нивните пресуди никогаш не се само правни, туку и имаат и пасторална природа.
Во вашата работа секогаш мора да мислите за доброто на семејството, бидејќи напуштените партнери и раздвојувањето на децата честопати е катастрофално – рече Папата на членовите на Апостолскиот суд. Не смееме да се измориме целото внимание и грижа да го посветиме на христијанскиот брак. Црквата е должна да биде на страната на сите кои се погодени од одлуката за ништовност на бракот. Дури и кога таквата одлука е оправдана, со тоа не е одземено постоењето на семејство. На крајот на краиштата, децата се плод на Божјиот план – предупреди Светиот Отец.
Ватикан нуз/к.мк