На 5 мај 2018 година, крај универзитетот „Тор Вергата“ папата Фрањо се сретна со членовите на Неокатехуменскиот пат, по повод 50 годишнината од нивното делување во Вечниот град. На оваа среба присуствуваат и членови на Неотехуменскиот пати од Македонија.
Единствено Црква која се одрекува од светот може добро да го навестува Господ. Црква која е слободна од моќта и парите, од триумфализмот и клерикализмот, на веродостоен начин сведочи дека Христос го ослободува човекот – истакна папата Фрањо во својот говор прд околу 150 илјади членови на Неокатехуменскиот пат кои се собраа крај универзитетот „Тор Вергата“ по повод 50 годишнината од нивната дејност во Вечниот град.
Кои се неокатехумените?
Неокатехуменскиот пат е едно од новите црковни движења кое во1964 година во Мадрид го основа шпанецот Франческо „Кико“ Аргиељо и неговата соработничка Кармен Хернандез. Спомнатото движење се сфаќа како катекуменат за возрасни односно пат на христијанско воспитување за современиот човек. Притоа клучен елемент на тој пат е Светото Писмо, а во срцето на неокатекуменатот се наоѓа евхаристијата. Посебност им е катехизацијата и керигматското навестување. Неокатехумените испраќаат семејства кои со своето сведоштво и со животот го воспоставуваат присуството на Католичката црква во места каде Црквата е отсутна или за да го зацврстат и обноват присуството на католичките заедници во многу секуларизирани подрачја.
Светиот Отец пред крајот на средбата ги благослови крстовите и им ги предаде на одговорните за 34 нови мисии „ad gentes“ кои ќе го носат Евангелието во различни делови во светот.
„Одете!“
Папата Фрањо во својот говор се фокусираше на Исусовата заповед до неговите ученици „одете“, кои ги испраќа во мисија. Папата рече дека кога мисионерот оди, оди само со багажот доверба во сиромашниот Исус кој немал каде глава да наслони.
За да одите треба да бидете лесни. За да навестувате, потребно е откажување – им рече Светиот Отец на присутните неокатехумени, истакнувајќи дека срце слободно од наврзаности се шири и станува расположено за Бог и за другите. Оној кој од љубов се одрекува од минливите работи, го прегрнува големото богатство на слободата – објасни.
Папата Фрањо исто така го сврте вниманието на фактот дека заповедта Исус ја кажува во множина, а не во единина. „Одете“ значи дека „целосниот мисионер“ не оди сам, туку секогаш заедно со другите. Напомена дека тоа е уметност, бидејќи имплицира одење заедно со другите без изолирање или наметнување на сопствената насока на другите. Тоа значи да се оди соединети, како Црква, со пастирите, со браќата и сестрите, без брзање или жалење заради оние најбавните.
Да се дели со другите искуството на сопствената средба со Христос
Христовото послание од сите народи да направиме Негови ученици е целосно поинаку од динамиката на прозелитизмот. Тоа значи да се сподели со другите сопствената средба со Христос кој ни го променил животот – рече папата Фрањо нагласувајќи дека во срцето на посланието е да сведочиме дека Бог нѐ љуби. Папата ги поттикна припадниците на Неокатехуменскиот пат да не сметаат на аргументите кои уверуваат, туку на животот кој привлекува; да не сметаат на способноста на наметнување на себе, туку на храброста да се служи.
Потсетувајќи ги на нивното послание за навестување на Евангелието, ги поттикна да ја донесуваат семејната атмосфера во многу напуштени места кои се лишени од љубовта. Правејќи ги сите народи ученици, Исус сакаше да нагласи дека во неговото срце има место за сите луѓе. Никој не е исклучен – нагласи Папата.
Светиот Отец ги поттикна припадниците на Патот да ја љубат културата и традицијата на народите до кои се испратени, без применување на однапред утврдени модели. Не смее да се започнува со теорија и шема, туку од конкретните ситуации, а Светиот Дух ќе го направи останатото, помагајќи Црквата да расте обединета во различноста на народите, даровите и харизмите – рече на крајот папата Фрањо.
РВ/к.мк