Папата до научниците: Убедете ги општествата за нуклеарно разоружување

Папата до научниците: Убедете ги општествата за нуклеарно разоружување

Нака вашите истражувања послужат на сите жители на нашата планета повеќе да не бидат гладни, ниту жедни, и за сите да биде достапна здравствената грижа и образованието – рече Папата на членовите на Папската академија за наука по повод нивното Генерално собрание кое се одржува во Ватикан.

На вас драги научници и пријатели на науката ви се доверени клучевите на знаењето – со тие едноставни зборови папата Фрањо им се обрати на членовите на Папската академија за наука, академици од различни земји и различни вероисповеди и идеолошки уверувања, на почетокот на нивното Генерално собрание.

Папата Фрањо  – застапник за доброто на народите

Би сакал кај вас да бидам застапник на народите до кои само од далеку и ретко стигнуваат благодатите на повеќеслојните човечки спознанија и нивните освојувања, посебно што се однесува до исхраната, здравјето, образованието, поврзаноста, благосостојбата и мирот – рече Папата.

Нема политичка волја за запирање на трката во вооружувањето

Сè уште е долг патот кој треба да се помине кон развојот кој истовремено е целосен и одржлив, а кој е невозможен без промени во начинот на животот – рече папата Фрањо, како што веќе препорачува во енцикликата „Лаудато си“ во која дава некои предлог – решенија за постигнувањето на таа цел. Недостасува политичка волја и одлучност за запирањето на трката во вооружувањето и за прекинот на војните, како и за итниот премин на обновлива енергија, на програми кои би загарантирале пристап до водата, храната и здравјето на сите луѓе, на вложувањето во општото добро на големиот капитал кој останува неактивен во даночните раеви – истакна Папата.

Научната заедница треба да служи на човечкото семејство

Освен тоа – потсети Папата – научната заедница е дел од општеството и не треба да се смета за одвоена и независна, туку треба да служи на човечкото семејство, со сознанието дека глобалните промени сѐ повеќе се под влијание на човечкото делување. Заради тоа – според зборовите на Папата – се потребни и соодветни одговори со цел зачувување на здравјето на нашата планета и на населението кое е во опасност заради сите тие активности кои вклучуваат употреба на фосилни горила и уништување на шумата. Како што постигнала напредок во утврдувањето на тие опасности, научната заедница сега е повикана да изнесе решенија и да го увери општество и нивните водачи за да ги следат.

Бескрајната криза со климатските промени

Во тоа послание доверено на научниците, Папата освен бескрајната криза со климатските промени која е во тек ја истакна и нуклеарната опасност и повторно предупреди на важноста за ангажирање за свет без атомско оружје. Притоа ги поттикна научниците да ги уверат владетелите во етичката неприфатливост на таквото вооружување, заради ненадоместливата штета која тоа ја предизвикува на луѓето и планетата. Станува збор за разоружување за кое како што изгледа денес повеќе не се зборува на масите каде се донесуваат важните одлуки – рече папата Фрањо.

Здравата загриженост на денешните научници

Осврнувајќи се на улогата на научните заедници во современиот свет, Папата истакна дека денешниот научник лесно се отвора за верските вредности и без обзир на достигнувањата на науката, го наѕира богатството на духовниот свет на народите и светлината на божествената натприродност – рече на крајот папата Фрањо.

 Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот