Папата до монахињите: Моето сегашно служење на Црквата е плод на доброто што го добив од вас
Служењето на Бога, Црквата и ближните е карактеристика што ги поврзува сестрите на свети Феликс од Канталице и Ќерките на Богородица на милосрдието, кои папата Фрањо во четврток 6 јуни 2024 година ги прими во аудиенција. Папата лично ја спомна и сестра Марија Долорес Тортоло, неговата прва вероучителка
Аудиенцијата на која папата Фрањо ги прими монашките заедници на Сестрите на свети Феликс Канталик и Ќерките на Богородица на милосрдието, по повод нивните Генерални собранија, беше одбележана со личен спомен од детството. Имено, од детството Папата е поврзан со Ќерките на Богородица од милосрдието.
Во едно од вашите училишта, во Буенос Аирес, во областа Флорес, пред многу години ги примив Светите Тајните на христијанската иницијација. Како да ја заборавам драгата сестра Долорес од која научив толку многу и која ја посетував многу често? За тоа му благодарам на Господа и на сите вас, бидејќи моето сегашно служење на Црквата е плод на доброто што го добив на рана возраст од вашето монашко семејство.
Ова не е прв пат Папата да се сеќава на сестра Марија Долорес Тортоло: на пример, веќе во книгата „Да се вратиме во нашите соништа. Патот кон подобра иднина“, објавена во 2020 година, раскажува како чесната сестра останала покрај него во 1957 година, за време на неговата хоспитализација поради тешка пневмонија. Таа дојде да ме посети, ме фати за рака, ме бакна и молчеше некое време – вели папата Фрањо. Тогаш ми рече: „Ти го наследуваш Исус“. Немаше потреба да додава ништо друго. Нејзиното присуство, нејзината тишина ми даде голема утеха.
„Срцето на Бога, рацете за работа!
Основани во Италија, во Савона, во 1837 година, ќерките на Богородица на милосрдието го должат своето основање на младата жена, Бенедета Росело, подоцна сестра Марија Џузепа, која решила да се стави во служба на сиромашните, децата и младите жени. Папата ги спомена нејзините одлуки на аудиенцијата, истакнувајќи:
Бенедета беше решителна млада жена која и покрај оскудицата, се откажа од перспективата на богато наследство за да го следи повикот и да се посвети, избирајќи го мотото „Срцето на Бога, рацете за работа!“. Таа се препушти во нова авантура на љубов кон сиромашните, но со моќни средства: распетието, статуата на Пресвета Богородица и пет лири капитал, секогаш подготвена прва да изврши каква било услуга.
На услуга на сите, без разлика
Сестрите на Свети Феликс Канталиче се основани во 1855 година во Варшава, во Полска, измачена од војната – потсети Папата – и веднаш се ставија во служба на децата, лицата со посебни потреби и младите изложени на опасност. Основањето на монашката заедница било вдахновено од интуицијата на Софија Камила Трушковска, подоцна сестра на Ангела Марија:
Соочени со засилување на вооружените конфликти, таа и нејзините сестри решиле да ги лекуваат сите ранети, без разлика на која страна припаѓаат.
Вистинската суштина е љубов кон Бога и ближниот
Поради нивното прифаќање, монахињите биле обвинети за предавство и монашката заедница беше укината. Малку подоцна, во 1865 година – продолжи папата Фрањо – Промислата се погрижи монашката заедница да се обнови, можеби и благодарение на нивната храбра жртва, и да се прошири уште повеќе, преку океанот, во Америка. Секогаш поттикнати на служење, но овој пат со цел да им се помогне на полските мигранти. Оттогаш, таа се прошири на многу други делови на светот.
Тоа е важен знак за вас: знак кој ве повикува да не се плашите дека ќе ја изгубите сигурноста на структурите и институциите, за да останете верни на милоста! И ќе биде добро да го имате ова на ум на вашите средби, за да се потсетувате дека структурите не се суштината: тие се само средство. Суштина е љубовта кон Бога и ближниот, изразена великодушно и слободно: „Љубовта Христова нè гони“ (2 Коринтјани 5,14).
Сиромашни, но моќни средства, затоа што се темелат на љубовта кон Бога и ближниот, а ги поврзува едно нешто: служењето на Бога и Црквата. Затоа, на крајот, папата Фрањо поттикна да се потсетиме дека сите ние сме орудие во мудрите раце на Бога, Оној кој знае што да извлече од нашето мало „да“.
Ватикан нуз/к.мк