Папата до младите од Карибите: Љубовта никогаш не престанува

Папата до младите од Карибите: Љубовта никогаш не престанува

Папата Фрањо упати видео порака до учесниците на „Денови на млади од Карибите“, кои започнаа на 10 јули, а ќе завршат на 23 јули. Во ценаторот на вниманието на таа средба се наоѓа прашањето: како да се преобрази семејството на Карибите во согласност со синодалниот апостолски поттик Amoris laetitia?

Се прашувам: дали сте млади или сте млади кои остареле? – вели Папата во видео пораката и продолжи: Имено ако сте млади кои остареле, не можете да направите ништо! Треба да бидете помлади млади! Потребна е целата сила на младоста за да ги промените работите – рече папата Фрањо предупредувајќи на опасноста од претерана удобност, повикувајќи ги да ја напуштат удобноста и да започнат да се борат.

На младите им порача дека на патот од денес до утре им е потребна науката на Црквата за семејството, а неа ќе ја пронајдете во четвртата глава од апостолскиот поттик Amoris laetitia, која е насловена „Љубовта во бракот.“ Напомена дека во тоа поглавје се наоѓа сржта на поттикот, притоа поттикнувајќи ги да го проучуваат.

Важноста на корените

Потоа предупреди дека не можеме да гледаме кон иднината ако не размислуваме за минатото. Сакате да промените нешто што ви го предале вашите предци – вели Светиот Отец истакнувајќи дека во сегашноста и иднината не можеме да направиме ништо ако не сме вкоренети во минатото: во нашата историја, културата, семејството. Ништо не можеме да направиме ако не сме длабоко вкоренети.

Напомена дека од коренот човекот црпи сила за да издржи и да продолжи. Ние не сме направени во лабараторија, туку ја имаме таа историја, тие корени – рече папата Фрањо и додаде: Тоа што го правиме, плодовите кои ги даваме, убавината која можеме да ја создадеме за иднината, произлегува од тие корени.

Секогаш гледајте кон назад за да бидете свесни за тие ваши корени; гледајте ги своите дедовци и баби, гледајте ги своите родители и разговарајте со нив и потоа сето тоа понесете го со себе во иднината- истакна Папата и продолжи: Тоа е преобразба: кога постојат корени, тогаш имате сила да го преобразите семејството. Таа е преобразувачката тензија. Не можеме да преобразиме без тензија.

Љубовта никогаш не престанува

Потоа повторно го сврте вниманието на четвртата глава од апостолскиот поттик Amoris laetitia поттикнувајќи ги меѓусебно да разговараат за таа глава. Таму ќе пронајдеме сила за да одиме напред и да оствариме преобразба – рече Светиот Отец додавајќи дека љубовта има сопствена сила и никогаш не престанува. И на крајот ги парафразира зборовите на свети Павле од Првото Послание до Коринтјаните: Верата и надежта ќе престанат кога ќе бидеме соединети со Госпд, но љубовта ќе продолжи со Него (1Кор 13, 13).

Ватиканњуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот