Папата до младите во Мјанмар: Не плашете се да верувате

Папата до младите во Мјанмар: Не плашете се да верувате

Не плашете се да верувате во пораката на Божјото милосрдие – ги повика папата Фрањо младите на светата Литургија на последниот ден од својата посета на Мјанмар, што воедно е последниот голем настан од неговата посета на таа азиска земја.

Светиот Отец ги поттикна младите на Мјанмар да се соочат со тешкотиите и конфликтите кои ги опкружуваат, кои не треба да ги обесхрабрат, туку треба ревносно да се ангажираат за човековите права и правдата.

Како може да се зборува за Радосната вест ако толку луѓе околу нас страдаат? Каде е Радосната вест ако има толку неправди, сиромаштво и тага во светот? – праша Папата продолжувајќи: Но би сакал овој месец да се испрати многу јасна порака. Би сакал луѓето да знаат дека вие, млади мажи и жени на Мјанмар, не се плашете да верувате во Радосната вест на Божјото милосрдие затоа што таа има име и лице: Исус Христос. Како гласници на таа Радосна вест подготвени сте да го донесете зборот надеж во Црквата, во својата земја и светот. Подготвени сте да ја донесете Радосната вест на своите браќа и сестри кои страдаат на кои им е потребна вашата молитва и солидарност, но и вашето воодушевување за човековите права, за правдата и растот на „љубовта и мирот“ кои Исус ги донесува.

Папата Фрањо потсети дека свети Павле прашува: како луѓето да поверуваат во Господ ако не го слушнале? Светот денес е исполнет со врева и тешкотии, и понекогаш е тешко да се слушне Божјиот глас – рече Светиот Отец. За другите да можат да го слушнат Бог и да поверуваат во Него, треба најпрво да го пронајдат автентични луѓе, луѓе кои знаат да слушат. И сигурно сакате да бидете такви луѓе, но само Господ може да помогне за да се стане автентичен. Затоа разговарајте со Него во молитвата. Учете се да го слушете неговиот глас така што мирно ќе разговарате со Него во длабочината на своето срце.

Папата рече дека кон нив се чувствува како добронамерен татко или уште подобро како дедо, и од таа причина им понуди уште неколку совети кои можат да им помогнат на нивниот пат на верата и да расудат што Господ од нив бара. Истакна дека не треба да се плашат да учат од своите грешки и да негуваат внатрешен живот како градината, треба исто така да се охрабрат да поставуваат прашања кои луѓето ќе ги поттикна т на размислување.

Не плашете се ако понекогаш имате чувство дека сме малобројни и распрснати – продолжи Светиот Отец. Евангелието секогаш расте од мал корен. Затоа направете се видливи! Би ве замолил да викате, не со гласот, туку би сакал тоа да го направите со својот живот, со своето срце, за да бидете знак на надеж за обесхрабрените, испружена рака за болните, насмевка која повикува за странците, нежна поддршка за осамените – ги поттикна папата Фрањо и на крајот рече: Каков и да е вашиот повик, ве поттикнувам да бидете храбри, великодушни и пред сè радосни!

РВ/к.мк

Категорија: Вести

За авторот