По повод јубилејот на мисионерите на милосрдието, папата Фрањо испрати порака во која потсетува дека да се биде сведоци на Евангелието значи секогаш да се биде подготвен да се прифатат и цврсто да се придружуваат оние кои сакаат да го обноват својот живот со силата на Духот на мирот.
Преобраќањето и простувањето се два клучни збора за разбирање на скапоцената служба која ја вршат Мисионерите на милосрдието кои овие денови го слават својот јубилеј. Папата Фрањо го истакна ова во пораката од 19 март 2025 година, празникот на Свети Јосиф, која ја потпиша во поликлиниката Гемели. Текстот го прочита монсињор Рино Физикела, пропрефект на Дикастеријата за евангелизација, кој ја предводеше Светата Бројаницата пред Лурдската пештера во Ватиканските градини.
Сведоци на Божјата љубов
Папата изрази жалење што не може лично да се сретне со мисионерите и ги повика да сведочат за татковското лице на Бога, бескрајно голем во љубовта, кој сите ги повикува на преобраќање и секогаш нè обновува со неговото простување.
„Преобраќањето и простувањето се два геста на нежност со кои Господ ја брише секоја солза од нашите очи; тоа се рацете со кои Црквата нè прегрнува нас грешниците; тие се стапалата со кои одиме на нашето земно ходочестие. Исус, Спасителот на светот, ни го отвора патот да одиме заедно, следејќи го со силата на неговиот Дух на мирот.
Преобразување на срцето
Божјата милост го преобраќа човечкото срце и затоа Светиот Отец ги повикува мисионерите да бидат внимателни исповедници, подготвени да ги пречекаат и цврсто да ги придружуваат оние што сакаат да го обноват својот живот и се враќаат кај Господа.
„Господовото простување е извор на надеж затоа што секогаш можеме да сметаме на Него, во секоја ситуација. Бог стана човек за да му објави на светот дека никогаш не нè напушта!
На крајот, Папата им посака плодно ходочестие под заштита на Марија, Мајката на милосрдието и ги замоли да се молат за него.
Ватикан њуз/к.мк