Папата до малите хористи: Со пеењето пренесувате смиреност

Папата до малите хористи: Со пеењето пренесувате смиреност

Бог стана Дете, како би бил поблиску до човекот во секое време, изразувајќи му ја својата бесконечна нежност – рече папата Фрањо на децата и младите, членови на Малиот хор „Мариеле Вентре“, кој е во склоп на фрањевската установа „Антонијано“ во Болоња. Светиот Отец ги прими на 7 декември 2017 година на аудиенција во Ватикан заедно со пријателите кои ги водат нивните активности. Повод за средбата беше 60. годишнината од познатиот детски музички фестивал „Златна паричка“, на кој се натпреваруваат деца од 3 до 12 години.

Папата ги пофали убавите музички изведби на Малиот хор, кој се убави за слушање како за малите, така и за возрасните. Со своите песни, со едноставноста и со својата способност, пренесувате чувство на смиреност, која за сите е многу потребна, а посебно на семејствата измачени со тешкотии и страдање – истакна Папата и ги поттикна да продложат да одат по тој пат, пеејќи за вистинските вредности во животот.

Вашите песни кои зборуваат за раѓањето Христово нека им помогнат на оние кои ве слушаат за да ја сфатат љубовта и убавината на она што се случило пред две илјади години во Витлеем – рече Папата и додаде: Сите ние го очекуваме Исус да дојде во нашите срца. Секогаш кога ни треба, кога сме тажни или во некоја тешкотија, кога сме болни или со проблеми, да ја гледаме Богородица која ќе нѐ научи да го чекаме Исус. Тој секогаш доаѓа – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот