Папата до лекарите: Не смее да има отфрлени
„Грижата на лекарите нека допре и до најсиромашните. Не смее да има отфрлени“ – со овие зборови се обрати папата Фрањо во среда 31 август на конгресот на кој се собрани 35 илјади лекари од 144 земји, кои во Рим го одржуваат Светски конгрес, во организација на Европското кардиолошко друштво.
„Црковното научителство секогаш ја истакнува важноста на научното истражување за животот и здравјето на луѓето“ – рече Папата, напоменувајќи дека и денес Црквата ја следи и подржува работата на тој напорен пат. Научникот треба да ја истражува природата, која е Божјо создание, знаејќи дека развојот на филозофските и емпириските науки, како и практичните вештини кои служат на најслабите и болните е важна служба, која е дел од Божјиот наум. Отворањето за Божјата милост преку верата не го ранува умот, туку напротив уште повеќе го поттикнува да напредува во спознавање на вистината“ – објасни папата Фрањо.
И научникот, бидејќи никогаш не е неутрален во истражувањето, потребно е одредено прочистување од ‘отровите’ за разумот во барањето на вистината и извесноста, која исто така поттикнува појасно да се согледа суштината на работите. Ги поттикна лекарите на посебна внимателност кон најсиромашните и маргинализираните и повика да им помагаат на „јавните и приватните здравствени структури“. „Треба да се бориме да нема отфрлени“ – рече Светиот Отец.
Со вашата скапоцена активност допринесувате за лекување на болното тело и истовремено имате можност да потврдите дека постојат закони втиснати во самата природа, кои никој не може да ги менува, туку може само да се „откриваат, користат и уредуват“, така што животот сѐ повеќе ќе одговара по накната на Создателот – рече Папата. На крајот Светиот Отец ги благослови присутните лекари и повторно ги повика да нема отфрлени или исклучени од полнината на човечкиот живот.
РВ/к.мк