На 29 ноември 2019 година, папата Фрањо ја посети Тврдината на милосрдие „Света Хијанцита“, институција на Каритас сместена на периферијата на Рим која оваа година слави 40 години постоење
Папата Фрањо за време на својата посета на посети Тврдината на милосрдие „Света Хијанцита“,се сретна со штитениците, волонтерите и раководителите на Каритас на Римската бискупија и ги посети просториите кои се наоѓаат во склоп на институцијата односно преноќевалиште за бездомниците, социјална самопослуга, капелата и стоматолошката амбуланта.
Обраќајќи им се на групите од отприлика на 200 луѓе, Папата прво се фокусираше на ранливоста која нѐ зближува за разлика од она што инаку мислиме; односно ги зближува оној на кој му треба помош, кој вика и чука на вратата и оној кој одлучува да се наведне и да даде помош, допирајќи ги раните на својот брат. Сите сме ранливи и за да работиме во Каритас мора да го препознаеме тој збор и да го овоплотиме во своето срце. Да дојде и да бара помош значи да каже: „Ранлив сум“ – рече Светиот Отец.
Од друга страна пак дури и Бог се направи ранлив за нас. Он е еден од нас. Немал куќа во која можел да се роди; поднесвуал прогонство и неволја заради бегството во друга земја. И Он бил сиромашен и бегалец и затоа можеме да му се обратиме без страв. Можеме да чекориме со Исус во својот живот – рече папата Фрањо и додаде: Сите ја имаме истата лична карта, ранливи сме, сакани и од Бог спасени. Тоа е патот. Не може да им се помага на сиромашните од далечина. Потребно е да се допрат тие Исусови рани.
Допирајќи ги раните на ближните стануваме свесните за сопствените – рече Папата и истакна дека тоа е одлична работата затоа што значи дека и на нас ни е потребен спасение и грижа. Притоа напомена дека Бог спасението не го прави со декрет, туку чекорејќи со нас и приближувјќи ни се преку Исус. Одговарајќи на прашањето како да се објави Евангелието на Милосрдието кое го поставил дон Бенони Амбарус, директор на Каритас на Римската бискупија, Светиот Отец истакна дека сведоштвото е единственото можно навестување и за пример ја зеде параболата за милосрдниот Самарјанец.
Притоа потсети дека Самарјанецот од Исусовата парабола дал помош на човекот кој го раниле разбојниците и го одведува во гостилницата, плаќајќи му на гостилничарот за неговото сместување и за оброците. Што ли помислил тој гостилничар – праша Папата и рече, овој е некој лудак! Тоа е зборот кој сакам да ви го кажам: Лудост. Лудоста на љубовта, лудоста на помагањето, лудоста на делењето на сопствената ранливост со ранливите – рече и на крајот истакна дека токму тоа треба да биде програма на делувањето која ќе ја следиме.
Ватикан њуз/к.мк