Папата до ирските епископи: Бидете храбри и креативни

Папата до ирските епископи: Бидете храбри и креативни

Препознајте ги и тргнете по новите патишта за нови времиња.

IX. Светска средба на семејствата која беше причината за апостолското патување на папата Фрањо во Ирска заврши вечерта на 26 август со свечено литургиско славење во Феникс Парк во предградието на Даблин каде што се наоѓа и манастирот на сестрите доминиканки Пресвета Богорица од Бројаницата и света Катерина Сиенска кои се посветеле на училишно образование, а таму се одржа и средбата со ирските епископи.

Папата го поздрави надбискупот Еамон Мартин претседател на Ирската епископска конференција кој истакна дека таа посета е „благослов“ и „причина за надеж во иднината“ за Црквата и за народот во Ирска, и дека епископите сакаат да бидат „пастири“ и „да ги уверуваат младите дека во Христос можат да ја најдат причината за живот и за среќа.“

Исто така Светиот Отец нагласи дека епископите мора да бидат „оци за верниот свет Божји народ“ охрабрувајќи го, вдахнувајќи го, помирувајќи и обединувајќи го и пред сѐ чувајќи го сето добро кое и е предадено на Црквата. Затоа ги охрабри во сегашните предизвици и им се заблагодари за служењето на сиромашните, и на многу свештеници кои им се најблиски и чии страдања и обесхрабрување се често занемарувани заради неодамнешните соблазни.

Папата Фрањо се присети и на прашањата за кои се расправаше во јануари во Ватикан во текот на нивната посета „ad limina“ повторувајќи дека предизвиците во денешното општество постојано се менуваат, но останува онаа пренесување на верата во нејзината целосност и убавина со сигурност како што се покажа на оваа светска средба, дека семејствата стануваат сѐ повеќе свесни за својата незаменлива улога. Верата во семејствата мора да се пренесува на дијалект, на дијалектот на семејствата.

Превирањата во последните години ја искушуваа традиционалната вера на ирскиот народ – рече Папата и напомена: Меѓутоа исто така понудена е прилика за внатрешна обнова на Црквата и назначени се нови начини како се сфаќа нејзиниот живот и посланието. Препознајте ги и тргнете по новите патишта за нови времиња – ги повика Папата ирските епископи и додаде: Силното мисионерско чувство кое е вкоренето во вашиот народ ќе вдахне во вас креативни начини за да се сведочи во вистината на евангелието и да им се помогне на верниците да растат во љубовта и ревноста за Христовото Царство.

Секој пат кога вие и вашиот народ почувствувате дека сте мало стадо изложено на предизвици и потешкотии не се обесхрабрувајте – поттикна Светиот Отец и потсети: Како што нѐ учи свети Иван од Крстот во темната ноќ светлото на верата свети уште појасно во нашите срца. Тоа светло во наредните години ќе го покаже патот за обнова на христијанскиот живот во Ирска.

Пред да се збогува со епископите, Папата ги замоли сите да делуваат и на екуменското и општественото подрачје. Ве молам да продолжите да промовирате единство и заедништво меѓу себе, посебно со водачите на другите христијански заедници, и ревносно да работите и да се молите за помирување меѓу сите членови на ирското семејство – заврши папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот