Ангажирање во каритативна работа и заштита на семејството – се двата темели на Витезите на Колумбо, католичко братство од Соединетите Американски Држави, на кои папата Фрањо им упати поздрави по повод 136. Собрание, кое овие денови се одржува во Балтимор.
Во пораката на англиски јазик, упатено до врховниот витез Карл А. Андерсон, а која ја потпиша Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, Светиот Отец ја истакна актуелноста на духовната харизма на основачот, чесниот слуга Божји, отец Мајкл Мек Гивни и неговата неразделна врска помеѓу верата и љубовта, и тоа преку здружението кое се ангажира за христијанска формација и взаемна помош меѓу членовите.
Вера и љубов
Вера и љубов се поимите кои се истакнати во Апостолскиот поттик ‘Gaudete et Exultate’ во која папата Фрањо повикува да се надахнуваме од големите светци кои секојдневно ја соединувале верата, молитвата и каритативното ангажирање. Папата поради тоа во пораката ги подржува постојаните напори на Витезите на Колумбо, кои преку конкретна љубов и солидарност со сиромашните и оние во потреба, на сите нивоа даваат сведоштво за Божјата љубов. Таа љубов се остварува преку проекти како што се на пример: „Верата во акција“ и „Раце кои помагаат“, но таа е тивка и скромна, како што поучуваше Мајка Тереза и е соодветна на новите облици на сиромаштво и потреби кои се појавуваат во денешното општество – истакнува папата Фрањо.
Чувари на семејното Евангелие
Во поглед на скорешното патување во Ирска на Светската средба на семејства, Светиот Отец изрази благодарност за ангажирањето на Витезите на Колумбо во навестувањето на Евангелието на семејствата, охрабрувајќи ги мажите во нивиот повик да бидат католички мажи и татковци, и бранејќи ја природата на бракот во семејството и општеството. Освен тоа, се надева дека и понатаму ќе даваат помош на новите генерации млади, кои во светот заслепен со светло спротивно на евангелието, настојуваат и понатаму да бидат Христови ученици и деца на Црквата.
Ангажирање за прогонетите христијани
На крајот папата Фрањо се заблагодари за ангажирањето на витезите за нашите браќа и сестри од големата христијанска заедница, кои поради својата вера се подложени на предрасуди и прогонства. Освен тоа, посебно од витезите и нивните семејства побара и понатаму да се молат за мир на Блискиот Исток, за преобраќање на срцата и за искрено залагање за дијалог и праведно решавање на судирите.
Ватикан њуз/к.мк