На 5 март 2018 година, во Ватикан Светиот Отец ги прими виетнамските епископи по повод нивната посета „ad limina.“
Во таа земја католиците се 8% од населението, има 26 бискупии, 3 надбискупии, повеќе од 2200 парохии и повеќе од четири илјади свештеници. Таа е бројната состојба на Црквата во Виетнам која се карактеризира со голема живост, и покрај секуларизацијата која го допира и тој дел на светот.
По средбата, епископот Џозеф Дин Дан Дао рече дек сите епископи се восхитени од едноставноста на Светиот Отец и близината која им ја искажал. Тоа беше средба како татко со синот или меѓу браќа. Можеа да кажат сè што сакаа да кажат. Сите епископи го изразија својот восхит и љубов кон Светиот Отец кои ги повика да се молат за него.
Посебната пораката на папата Фрањо беше: „Носета ја радоста на евангелизацијата на Црквата во Виетнам,“ а им зборуваше за ликот епископ како пастир кој има мирис на овците, нагласувајќи дека тој е Божјиот мирис. Тој ги повика да ја зголемат молитвата и контемплацијата, барајќи посебно да бидат близу до Бог, народот и свештениците.
Бројот на католиците во Виетнам не се менува, заедниците живеат, верниците и во моментите на тешкотии имаат доверба во Бог – рече епископот Џозеф Дин Дан Дао и додаде: Нашиот предизвик е да ја сочуваме таквата вера за да се спротивставиме на световноста и како што рече Светиот Отец, Црквата во Виетнам мора да промовира размислување и познавање на верата.
Виетнамската епископска конференција побара од Светиот Престол да основа католички универзитет. Во овој момент постои само теолошки факултет, затоа што комунистичката влада уште не ја прифаќа Црквата како сите други религии и затоа не може да соработува на сите подрачја на образованието – рече епископот Џозеф Дин Дан Дао и истакна: Не се плашиме од тешкотиите. Светиот Отец ни рече дека не смееме да се плашиме, туку секогаш да ја негуваме радоста и довербата. Свети Иван Павле II рече дека иднината на Црквата е во Азија, затоа што таму постои предизвик на кој Црквата мора да одговори. Азија ја повикува Црквата да се ангажира со сите сили за Евангелието да биде навестено на сите нејзини народи – нагласи на крајот епископот Џозеф Дин Дан Дао.
РВ/к.мк