Папата до бегалците: Не губете ја надежта

Во бегласкиот камп Мориjа на островот Лезбос, Папата го имаше својот прв службен говор во текот на кратскиот престој на тлото на Грција. Eве што кажа Папата:

Ја познавате болката

Драги браќа и сестри сакав денес да бидам со вас и да ви кажам дека не сте сами. Овие месеци и недели поднесовте многу стрдање, барајќи подобар живот. Многумина од вас мораа да бегаат од војната и прогонствата, посебно заради своите деца, заради малите. Заради своите семејства поднесовте големи жртви. Ја запознавте болката затоа што оставивте сè што ви е мило, а можеби ви е најтешко што не знаете што ќе ви донесе иднината. И многу други се како вас, се наоѓаат во бегалски кампови или по градовите на чекање, надевајќи се дека на овој континент ќе градат нов живот – кажа Папата.

Предупредување на светот за тешката хуманитарна криза

Овде сум со својот брат патријархот Вартоломеј I и архиепископот Јероним за да бидеме со вас и да ги слушаме вашите животни приказни; дојдовме вниманието на светот да го привлечеме на оваа тешка хуманитарна криза и да бараме решение. Како луѓе на верата сакаме да ги обединиме своите гласови отворено да говориме во ваше име. Се надеваме дека светот ќе го сврти своето внимание на оваа состојба навистина трагична и очајна и ќе одговори на начин достоен за нашата заедничка човечност – рече Светиот Отец.

Солидарност со браќата кои трпат

Бог го создаде човечкиот род за да биде само едно семејство; сите трпиме кога трпи некој наш брат или сестра. Од искуство знаеме сите дека некои луѓе лесно го занемаруваат трпењето други дури ја искористуваат нивната ранливост. Знаеме исто така дека оваа криза може да направи да се покаже што е најдобро во нас. Тоа го видовте во себе самите и во грчкиот народ кој великодушно одговори на вашите потреби иако и самиот минува низ криза. Исто така тоа го видовте во многу луѓе посебно меѓу младите кои доаѓаат од цела Европа и светот за да ви помогнат. Уште многу треба да се направи. Но, му благодариме на Бог кој не нè остава сами во нашите страдања. Секогаш има некој кој може да подаде рака и да ни помогне – истакна Папата.

Не губете надеж

Денес сакам да ви ја оставам ова порака: не губете ја надежта! Љубовта е најголемиот дар кој едни на други можеме да си го понудиме: милосрден поглед, настојување едни на други да се слушаме и да се сфаќаме, да си упатиме збор на охрабрување и молитва. Сакам едни со други да го делите тој дар. Ние христијаните со задоволство ја проповедаме параболата за Добриот Самарјанин, странец кој видел некој човек во неволја и веднаш му помогнал. Таа парабола според нас христијаните се однесува на Божјото милосрдие кое се обраќа на сите. Бог е милосрден – рече Светиот Отец, додавајќи:

Параболата исто така е апел да се покаже милосрдие кон оние  во потреба. Би сакал нашите браќа и сестри на овој континент како Добриот Самарјанин да можат да ви помогнат во духот на братството, солидарноста и почитувањето на човечкото достоинство со кое е украсена неговата историја. Драги браќа и сестри Бог нека ве благослови посебно вашите деца, старите и сите кои трпат во телото и во духот. Сите вас со љубов ве прегрнувам. На вас и на оние кои ве придружуваат повикувам божествените дарови на јакост и мир – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот