Папата до Августинците: Бидете градители на заедништво

Папата до Августинците: Бидете градители на заедништво

Милосрдие кое преобразува и дава живот беше во фокусот на средбата на папата Фрањо со учесниците на Генералниот капитул на августинскиот реколекти одржан на 20 октомври 2016 година во Ватикан.

Светиот Отец на присутните им го истакна патот кој го исцртал свети Августин, а тоa е да бидат творци на заедништвото и да живеат како браќа со едно срце и една душа.

Бог е нашата сигурност и среќа – рече Папата истакнувајќи го августинскиот дух, а потоа во својот говор го наведе мотото избрано за Генералниот капитул кое произлегува од длабочината на срцето на светиот Августин: „Целата моја надеж е само во големото милосрдие твое. Дади ми што заповедаш, па заповедај што сакаш.“ Папата појде од сигурниот факт дека тие се луѓе на надеж, способни да ја стават целата доверба во Божјото милосрдие, за да се соочат со предизвиците кои Господ им ги нуди. Бог никогаш не разочарува и Он е Тој Кој на таинствен начин нѐ води со татковска љубов – додаде Папата.

На овој Генерален капитул животот на редот, надежта и предизвиците сето тоа се доверува на Бог, во барањето обнова и нов ентузијазам, но секогаш во послушност – рече Папата и како центар на сѐ ја истакна љубовта која ја дарува Бог како и Неговото присуство во животот, во секој настан. Минатото просветлено со таа сигурност – објасни Светиот Отец – ни помага да се вратиме на харизмата и да уживаме во неа во целата нејзина свежина и целосност; но ни помага исто така да сфатиме дека се совладани тешкотиите и да се соочиме со моменталните предизвици.

Сѐ е можно кога Господ е во центарот на нашиот живот – истакна Папата и додаде – Ако Бог е во центарот и нѐ води нема да има места ниту за неуспех, ниту за зло. Светиот Отец говореше за посланието и за сведочењето на Божјата љубов и ги поттикна монасите да бидат творци на заедништво. Со своето присуство во светот сме повикани да бидеме градители на општество кое е способно да го препознае достоинството на секој човек и да го сподели тој дар кој секој го претставува еден за друг.

Сето тоа е – според зборовите на Папата – можно ако секој човек се дарува со иста љубов со која Бог нѐ сака, овозможувајќи така на многумина кои Го бараат да се сретнат со Него. Тоа е моќта која ја имаме; не нашите идеали и планови, туку силата на Божјото милосрдие кое преобразува и дава живот. На крајот пред сите присутни да ги довери на Марија, Папата ги охрабри монасите да живеат како браќа со едно срце и една душа.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот