Папата докардиналите: Една од задачите за реформирање на Куријата е да се надмине буџетскиот дефицит 

Папата докардиналите: Една од задачите за реформирање на Куријата е да се надмине буџетскиот дефицит 

Папата Фрањо напиша писмо до Кардиналскиот колегиум во кое со своите најблиски соработници споделува визија за економски реформи кои бараат заеднички напори да се избегнат непотребните трошења, да се управува со расположливите ресурси што е можно подобро и да се привлече надворешна помош. 

„Секоја од институциите на Светиот Престол формира едно тело со сите останати: затоа, вистинската соработка и интеракција е со една единствена цел, односно доброто на Црквата и тоа е суштински услов на нашата служба“, нагласи папата Фрањо. во писмо до Кардиналскиот колегиум од 16 септември 2024 година, кое беше објавено во петок, 20 септември 2024 година. Во него Светиот Отец потсетува дека пред десет години започна реформскиот процес на Римската курија, а со Апостолската конституција „Predicate Evangelium“ беше дефинирана нова организација на Светиот Престол. Сето тоа е направено со цел Куријата што е можно подобро „да му помогне на Петровиот наследник во спроведувањето на неговата врховна пасторална власт за доброто на Црквата и во служба на универзалните и помесните Цркви“. 

Итно барање за економски реформи 

„И покрај тешкотиите и моменти на искушение да останеме во стагнација и замрзнати пред промените, во текот на овие години се постигнати многу резултати. Ви благодарам за помошта што ја дадовте и продолжувате да ја давате“, пишува Папата, осврнувајќи се на темата за која можеби најмногу се разговарало на средбите на кардиналите пред почетокот на конклавата во 2013 година, а тоа се економските реформи на Светиот Престол. Светиот Отец забележува дека ова барање се покажало како далекувидно и помогнало „да се стекне поголема свест за фактот дека економските ресурси во служба на посланието се ограничени и затоа со нив мора да се управува внимателно и сериозно“. 

Соработка 

Според Папата, потребни се „дополнителни напори од сите“ за „нулта дефицит“ на буџетот и та „да не биде само теоретска цел, туку навистина остварлива“. Тој истакна дека реформата ги поставила основите за спроведување на етичка политика која овозможува да се подобри економскиот обрт на постоечкиот имот. „На ова се додава потребата секоја институција да бара надворешни извори за своето послание, покажувајќи пример за транспарентно и одговорно управување во служба на Црквата“, пишува Светиот Отец, истакнувајќи дека кога се работи за намалување на трошоците, тогаш мора да се даде конкретен пример, „така нашето служење е извршено во духот на задоволување на потребите, избегнување на непотребните трошоци и избирање на вистинските приоритети, унапредување на меѓусебната соработка и синергија“, сфаќајќи ја одговорноста за „гаранција на иднината на посланието“. 

По примерот на взаемна помош во семејството 

Според Папата, институциите можат многу да научат од „солидарноста во добрите семејства“. Како што во таквите семејства економски подобро стоечките им помагаат на посиромашните членови, така и „институциите кои остваруваат профит мора да придонесат и за покривање на општиот дефицит“. „Ова значи да се грижиме за доброто на нашата заедница, да покажеме великодушност, во евангелиска смисла на зборот, а тоа е предуслов да се бара великодушност и однадвор“, нагласува тој, барајќи „да се прифати оваа порака со храброст и дух. на служење и убеденост за лојално и искрено поддржување на тековните реформи, активно споделувајќи го нивното знаење и искуство, давајќи го својот придонес во реформскиот процес“. 

Ватикан њуз/к.мк 

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот