„Мајко на милосрдието“, „Мајко на надежта“, „Олеснување на мигрантите“ се трите нови повици кои папата Фрањо ги додаде во Лауретанските литанија во саботата на 20 јуни, а кои се поврзани со актуелната ситуација и нагласувањата на неговиот понтификат.
Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави писмо од Конгрегацијата за богослужба и светотаинска дициплина, кардиналот Роберт Сарах, кој го упати до претседателите на епископските конференции за трите нови повици кои треба да се додадат на Лауретанските литанија. „Безбројни се насловите и повиците кои христијанската побожност во текот на вековите ги препишува на Дева Марија, привилегиран и сигурен начин за запознавање на Христос“, стои во документот кој покрај кардиналот Сарах го потпиша и надбискупот Артур Роше, секретар на спомнатата ватиканска конгрегација.
Првиот повик „Мајко на милосрдието“ ќе биде според желбата на Папата додаден после повикот „Мајко на Црквата, вториот „Мајко на надежта“ после „Мајко на Божјите благодати“ и третиот „Олеснување на мигрантите“ после повикот „Засолниште на грешниците.“
„Различни Папи одлучуваат да вклучат поединечни повици во литанијата, како на пример свети Иван Павле II кој го додаде повикот „Мајко на семејството.“ Тие одговараат на реалниот момент, моментот кој за луѓето претставува предизвик,“ потврди надбискупот Роше во изјвата за Ватикан њуз и додава дека трите нови повици се актуелни со оглед на пандемијата од коронавирусот и големиот број на мигранти.
Во текот на својот понтификат папата Фрањо често ставаше акцент на Божјото милосрдие, надежта и прифаќањето на мигрантите, така што новите повици се токму во духот на неговиот понтификат.
Ватикан њуз/к.мк