Минатата среда папата Фрањо од Јапонската епископска конференција доби посебен дар. Станува збор за папамобил Тојота Мираи, кој е на водороден погон.
На церемонијата на предавање во близина на папската резиденција во Ватикан присуствуваше претставник о. Отец Доменико Макото Вада, амбасадорот на Јапонија во Светиот Престол, Сеиџи Окада и претставници на Тојота, предводени од Мигел Фонсеко, виш потпретседател на Тојота мотор Европа.
Автомобилот што го доби Папата е еден од двата автомобила што Тојота ги произведе специјално за потребите на посетата на Папата на Јапонија во ноември минатата година.
Должината на овој еколошки папамобил е 5,1 метар, а е висока 2,7 метри, за да може Папата да стои во него при поздравувањето на верниците.
Тојота Мираи е првиот масовно произведен автомобил на водород, чие производство започна во 2014 година. Тоа е автомобил со нулта емисија штетни гасови, користи водородни горивни ќелии за напојување на електричниот систем. Мираи од издувните гасови испушта само водена пареа, а може да помине 500 километри.
Ватикан њуз/к.мк