Педесет илјади луѓе присуствуваа на првиот настан по повод Светскиот ден на детето што се одржа на Олимпискиот стадион во Рим¸, а учесници имаше од 101 земја. Папата Фрањо одговори на неколку прашања и истакна: секогаш е можно да се помириме, да се потсетиме и да го направиме светот подобро место, мора да почнеме да ги сакаме најблиските. Се молевме за оние кои се гладни и немаат работа. Себичноста и војната, истакна Папата, се причина за неправдата.
Децата знаат да се помират и имаат желба тоа да го покажат на сите. Тие знаат дека простувањето и извинувањето е најдобриот начин за да престане кавгата. Одбележувањето на првиот Светски ден на детето започна на 25 мај, на Олимпискиот стадион во Рим. Во присуство на 50.000 деца, родители и следбеници, папата Фрањо рече дека овој ден е посветен на најмалите, првиот поттик за движење на децата кои сакаат да изградат свет на мир, во кој сите се браќа и кој има иднина. благодарение на сечија грижа за средината што не опкружува.
Да ги сакаме оние кои ни се најблиски
Љубезно разговарајќи еден со друг, играјќи заедно, помагајќи им на другите. Ако ги правиме овие работи, светот ќе биде подобар – рече папата Фрањо како одговор на Лија Марисе од Бурунди, една од 101-те земји кои беа претставени на стадионот. Да почнеме да го правиме тоа сакајќи ги оние кои ни се најблиски – додаде Папата.
Едноминутно молчење за неправдите
Вистината е дека сите ние сме браќа и сестри. Сепак, многу луѓе немаат дом или работа – истакна Папата. Зошто? – праша момчето од Никарагва. Тоа е резултат на злобата, себичноста и војните – истакна Папата и додаде: Многу земји трошат пари за производство на оружје, а има луѓе кои немаат што да јадат. Молете се секој ден за децата кои ја трпат оваа неправда – повика папата Фрањо, повикувајќи на едноминутно молчење за неправдите.
Да живеат бабите и дедовците!
Римскиот бискуп ги спомна и постарите, а децата ги поттикна да викаат: Да живеат бабите и дедовците! Воедно потсети колку е важно да ги посетите затоа што се важни, ги дадоа своите животи за семејството и ја пренесуваат историјата. На крајот, одговарајќи на прашање за спортот, тој рече дека е среќен кога Аргентина ќе го освои Светското првенство. Но, еднаш го освоија со рака и тоа не беше добро – додаде папата Фрањо, потсетувајќи на голот на Марадона против Англија во 1986 година.
Ватикан њуз/к.мк