Папата Фрањо испрати порака до Комитетот „Назарат“, кој десет години, откако ИСИС ги протера христијаните од долината Ниневија во Ирак, ја промовира молитвата бројаница, секој 20-ти во месецот, за сите прогонети во светот, како за христијаните, така и за другите.
Папата Фрањо им се заблагодари на католиците во италијанскиот град Римини што секој месец на градскиот плоштад молат бројаница и ги повика христијаните да го шират Евангелието на мирот, дури и кога се соочуваат со прогонство.
Станува збор за молитвена иницијатива, размена на сведоштва и собирање помош под мотото „Апел до човештвото“, која е наменета за прогонетите христијани, особено на Блискиот Исток, но и сите останати прогонети лица во светот.
Веќе 10 години, католиците се собираат во северниот италијански град Римини секој 20-ти ден во месецот на главниот плоштад во градот за да молат бројаница за мир.
По повод одбележувањето на таа годишнина, папата Фрањо испрати порака до Комитетот за прогонети христијани „Назарат“, кој ја организира месечната молитва Бројаница, која се прошири во тринаесет градови и 27 манастири ширум светот.
Благодарам што сведочите за милост, близина и учество
Во пораката објавена во петок 16 август 2024 година, Папата се заблагодари на комитетот „Назарат“ за вниманието кон „браќата и сестрите кои живеат во земјите погодени од страшни конфликти“.
„Ви влагодарам за сведоштвото на љубезната милост, близина, особено учество во страдањата на населението рането од неправда, угнетување, омраза и алчност“, рече Папата.
Светиот Отец ја искористи оваа прилика да ги поттикне сите христијани да ја навестат и споделат радосната вест за мир на целото човештво. Се надева дека молителите „ќе продолжат да ја промовираат културата на добредојде, инклузивно братство и почит за сите, со помош на Марија Помошничка на христијаните“.
„Таа – закврши Папата – нека ја запали светлината на надежта во нашите души за да се осмелиме за иднина во мир и хармонија.
Молитвата е најмоќната алатка за менување на историјата
Иницијативата за молење на бројаница во Римини започна спонтано неколку дена откако ИСИС ги протера христијаните од Ниневија. За неколку часа 125 илјади христијани беа принудени да ги напуштат своите домови упатувајќи се кон внатрешен Курдистан, а уште 110 илјади останаа како бегалци во областа Ербил и Дохук. Исламските милитанти ги обележаа домовите на христијанските семејства со почетната буква од зборот Назарат, што значи Назареец. На 20 август, неколку стотици луѓе се собраа на централниот плоштад во Римини за да молат бројаница за овие христијани, да слушнат сведоштва и да соберат помош. Досега, за десет години, иницијативата „Назарат“ собра десетици илјади евра помош за поддршка на стотици ранливи семејства, особено во Сирија и Ирак.
Оваа молитва е потврда за владеењето на Христа кој може да стори сè над секој од нас“, се вели во соопштението на одборот „Назарат“. „Ова е почеток на нашата преобразба. „Молитвата е најмоќната алатка за менување на историјата“, истакнуваат молителите.
На 20 август оваа година, бискупот од Римини Николо Анселми ќе се придружи во молитва на плоштадот.
Ватикан њуз/к.мк