На светата Литургија на празникот света Марија Богородица, Папата истакна дека благодарејќи на Девицата, Бог засекогаш се поврза со човекот. Нејзиниот поглед нѐ потсетува дека за верата е важна нежноста, нејзината прегратка е лек за осаменоста, а нејзината рака нѐ води кон стазите за добро.
Денес е ден кога треба да се зачудиме пред Детето родено за нас, но и пред Мајката Божја, благодарејќи на неа Бог засекогаш се поврза со човекот. Нејзиниот поглед нѐ потсетува дека за верата е важна нежност, која ја запира млакоста; нејзината прегратка е лек за осаменоста, а нејзината рака нѐ води кон стазите на добро – истакна папата Фраво во проповедта на Литургијата која ја служеше на 1 јануари 2018 година на празникот Света Марија Богородица, во базиликата Свети Петар.
Денес треба да се зачудиме
Чудењето е чувство – потсети Папата – кое треба да го имаме на почетокот на годината затоа што животот е дар кој ни дава секогаш можност за нов почеток. Покажувајќи ја статуата на Црната Богородица со Детето, која ги прикажува мајката и Детето така соединети што изгледаат као да се едно. Папата истакна дека токму тоа денешно таинство предизвикува бескрајно чудење: Бог засекогаш се поврза со човекот, Бог и човекот засекогаш се заедно, тоа е добрата вест на почетокот од годината – рече Светиот Отец.
Бог не е некој далечен господин кој живее сам на небесата, туку тој е овоплотение на Љубовта, роден како и ние од мајка, како на секој би бил брат. Како би бил близок, Бог на близината. Стои на колената од својата мајка, која е и наша мајка, и од таму ја шири новата нежност врз целиот човечки род. Така подобро ја сфаќаме божествената љубов, која е татковска и мајчинска, како љубовта на мајката која не престанува да верува во децата и никогаш не ги напушта – рече папата Фрањо.
Бог секогаш е со човекот, па и тогаш кога ќе згреши
„Бог со нас“, тој нѐ сака независно од нашите грешки, нашите гревови, независно од тоа како гледаме на светот. Бог верува во човештвото, каде прва и недостижно се истакнува неговата Мајка. Мајка која го роди Господ – истакна папата Фрањо. Таа е мајка и во децата го обновува чудењето во верата, затоа што верата е средба, а не религија. Живот без чудење станува сив, навика, а со тоа таква станува и верата.
И на Црквата и е потребна обнова за чудење, затоа што е престојувалиште на живиот Бог, свршеница Господова, Мајка која ги раѓа децата – објасни Папата и додаде: Во спротивно би можела да стане Црква музеј. Напротив Богородица во Црквата донесува расположение на дом во кој престојува Бог на новоста. Затоа да дозволиме Божјата Мајка да нѐ гледа, да нѐ прегрне, да нѐ прими за рака – поттикна Папата.
Поглед кој дава доверба
Да дозволиме пред сѐ да нѐ гледа, и тоа посебно во моментот на потреба. Кога ќе се најдеме заплеткани во најзамрсените моменти од животот, да погледнеме на Богородица, нашата мајка. Но убаво е пред сѐ да се дозволи Богородица да нѐ гледа нас. Кога нѐ гледа, не гледа грешници, туку свои деца. Нејзините очи знаат да ја осветлат секоја темнина и насекаде повторно да поттикнат на надеж. Најзиниот мајчински поглед потсетува дека за верата е важна нежноста која ја запира млакоста – рече Папата.
Човечкото семејство се темели на мајките
„Црквата на нежност“ гледа на иднината со мајчински поглед, затоа што без тој поглед и светот е кратковиден. Ќе ја зголеми заработката, но повеќе нема да знае во луѓето да ги гледа своите деца. Ќе има заработка, но не и за сите луѓе – предупреди Папата. Ќе живееме во иста куќа, но не како браќа Човечкото семејство се темели на мајките. Свет во кој мајчинската нежност е сведена на едноставно чувство, може да биде богат со работи, но нема да биде богат за иднината.
Марија е со оние кои се осамени
Да дозволиме да нѐ прегрне Марија, која имала сѐ на своето срце; сѐ земала во прегратка, поволните и неповолните настани. И постојано размислувала, односно го носела Бог – рече папа Фрањо и додаде: Така на срце го има и животот на секој од нас; сака да се посвети на сите наши ситуации и да ги принесе на Бог. Потребна ни е прегратката на мајката, во денешниот разделен свет. Има многу распрсканост и осаменост околу нас; светот целосно е поврзан, но изгледа сѐ повеќе разделен – забележа Светиот Отец.
Затоа треба да се довериме на Мајката, која евангелието ја опишува присутна таму каде што е потребна; кај роднината Елиаавета, потоа е на помош на свадбата во Кана, ги охрабрува учениците во салата на Последната вечера. Марија е лек за осаменноста и разделеноста. Таа е Мајка на утехата; блиска е на оние кои се сами. Таа знае дека за утеха не се доволни зборови, потребна е присутност; и присутна е како мајка. Да ѝ дозволиме да го прегрне нашиот живот – поттикна Светиот Отец.
Да дозволиме да нѐ фати за рака
И на крајот, да дозволиме на патот од животот Мајката да нѐ фати за рака. Колку многу деца денес, кои одат сами, го губат патот; веруваат дека се силни, но се губат, стануваат робови. Колку од нив, заборавајќи на мајчинската љубов, живеат лути на себе и рамнодушни на сѐ! Мораме од мајката да научиме дека херојството е во дарувањето на себе, силата на нашата сочувствителност, мудрост и благост – истакна Папата.
Марија нѐ учи на сочуство
Исус ни ја даде за Мајка, и тоа не во било кој момент, туку од крстот – напомена Светиот Отец и истакна дека Богородица не е некој додаток, затоа треба да се прифати во животот. Таа е Царица на мирот која го победува злото и води на добри патишта; која го враќа единството меѓу децата и учи на сочуство. Земи нѐ за рака, Маријо. Држејќи се за тебе ќе ги совладаме најтешките патишта од историјата. Поведи нѐ за рака како би ги откриле врските кои нѐ соединуваат. Собери нѐ заедно под твојата наметка, во нежноста на вистинската љубов, каде што се обновува човечкото семејство. Под твојата заштита бараме прибежиште, света Мајко Божјо – рече Папата на крајот од својата проповед.
Ватикан њуз/к.мк