Папата: Да учиме од домородните народи

Папата: Да учиме од домородните народи

На средбата со учесниците на шестиот глобален состанок на Форумот на домородните народи, организиран од Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ФАО), Папата истакна дека во денешната невидена социјална и еколошка криза, треба да научиме повеќе да го слушаме домородното население и да учиме од нивниот начин на живот. Тој, исто така, ги повика владите да ги почитуваат нивните права и предупреди дека екстрактивизмот и уништувањето на шумите ги уништуваат домородните култури.

Никогаш не смееме да ги игнорираме домородните народи; тоа би било тешка грешка, но и неправда, но, згора на тоа, потребно е да се учи од нив, од нивната култура и традиција, пред сè заради заштита на земјата – истакна папата Фрањо, апелирајќи до светот во корист. на домородните популации, маргинализирани или дури оспорувани во нивните земји, ранети од екстрактивизам и уништување на шумите.

Домородните народи, напротив, се модел кој треба да се следи во борбата против социјалната и еколошката криза со која се соочува светот денес – рече Папата и нагласи:

Треба повеќе да ги слушаме домородните народи и да учиме од нивниот начин на живот за да разбереме добро дека не можеме да продолжиме лакомо да ги уништуваме природните ресурси, бидејќи земјата ни е доверена да биде наша мајка, способна да го даде она што на секој од нас му е потребно за живот.

Биодиверзитет

Придонесот на домородните народи затоа е фундаментален во борбата против климатските промени – истакна Папата и ја пофали средбата на Форумот на домородните народи што деновиве се одржува во седиштето на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ФАО) во Рим. Тоа е платформа за дијалог каде претставниците на домородните народи ги изразуваат своите грижи, барања и препораки за подобрување на партнерството со ФАО и ефикасноста на ангажманот со домородните народи. Темата оваа година е „Водството на домородните народи по климатските прашања: решенија засновани на заедниците за подобрување на отпорноста и биодиверзитетот“.

Криза без преседан

Според Папата, ова е можност да се препознае критичната улога што домородните народи ја играат во заштитата на животната средина и да се истакне нивната мудрост во изнаоѓањето глобални решенија за огромните предизвици на климатските промени. За жал, истакна тој, сведоци сме на невидена социјална и еколошка криза без преседан.

Ако навистина сакаме да се грижиме за нашиот заеднички дом и да ја подобриме планетата на која живееме, императив е суштинска промена во начинот на живот; важни се моделите на производство и потрошувачка.

Потребни се итни заеднички активности

Неопходно е да се поттикне обновен дијалог за тоа како ја градиме иднината на планетата – истакна Светиот Отец и додаде: Итно ни се потребни заеднички акции, кои се резултат на искрена и постојана соработка, бидејќи еколошкиот предизвик со кој се соочуваме и неговите човечките корени влијаат на секој од нас. Ова влијание не е само физичко, туку и психолошко и културно.

Почитување на достоинството и правата

Тоа е поттик упатен до владите да ги препознаат домородните народи ширум светот, со нивните култури, јазици, традиции и духовност и да го почитуваат нивното достоинство и нивните права, знаејќи дека богатството на нашето големо човечко семејство лежи токму во неговата различност. Игнорирањето на изворните заедници во зачувувањето на Земјата е голема грешка, да не речам голема неправда – истакна Папата.

Правична транзиција

Од друга страна – посочи Папата – вреднувањето на нивното културно наследство и техниките на нивните предци ќе ни помогне да тргнеме по патот на подобро управување со животната средина. Во оваа смисла, папата Фрањо смета дека работата на ФАО за обезбедувањето помош на домородните заедници во процесот на самоопределен развој е за пофалба. Сепак, овие напори треба да се мултиплицираат и да бидат придружени со решителен и далекусежен процес на донесување одлуки. Целта е да се постигне праведна транзиција.

Да се живее добро и складно

Римскиот бискуп потоа истакна два клучни термини: „добро живеење“ и „складност“. Да се живее добро не значи да не правиш ништо, туку да живееш во склад со природата, знаејќи да бараш не само рамнотежа туку и складност – објасни тој и додаде: Знаејќи да се движиш во склад ја дава мудроста што ја нарекуваме добар живот. Во складност на човекот и неговата заедница, човекот и околината и меѓу човекот и целото создание.

Рани од екстрактивизмот и уништувањето на шумите

Сепак, раните кои ги уништуваат народите се очигледни – предупреди Папата и го истакна екстрактивизмот и уништувањето на шумите. Секогаш барајте складност – поттикна Папата. Кога луѓето не ја почитуваат добробитта на почвата, добробитта на животната средина, времето, вегетацијата или фауната, ова општо добро, кога не го почитуваат, паѓаат во нечовечки позиции, бидејќи губат контакт со мајката зема.

Домородните култури не смеат да се трансформираат во модерна култура – истакна Светиот Отец. Тие треба да се почитуваат. Треба да го следиме нивниот пат на развој и да ги слушаме пораките на мудроста што ни ги даваат. Ова е мудроста на гледање, слушање и допирање во секојдневниот живот – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот