Папата: Да се прифати „Божјиот стил на спасение“

Милоста на Страстната седмица им помага на христијаните да го прифатат „Божјиот стил на спасение“ – кој знае да ни биде и непријатен – без мрморења и приговори – е поуката која Светиот Отец ја истакна во хомилијата на светата Литургија на 24 март во капелата на домот Света Марта.

Да се има „духовни хирови“, да не се прифаќа начинот на кој Бог ни пристапува во спасението и да  паднеш во „мрморење“ – е грешката на многу христијани денес, а која во историјата на спасението ја гледаме во ставот на избраниот народ по излегувањето од Египет.

Според Книгата Броеви, Израелците „започнале да зборуваат против Бог и Мојсеј“, жалејќи се за напорите од патувањето низ пустината. Заради тоа многу од нив умреле од каснување на отровна змија, а само молитвата на Мојсеј и издигнатата бакарна змија – симбол на Христовиот крст – ги спасила од отровот.

И меѓу христијаните наоѓаме поединци отруени со такво незадоволство во животот. Тие се – како што ги нарече Папата – „христијани, но…„кои не го отвораат своето срце до крај и го условуваат спасението: „Да, сакам да бидам спасен, но на овој начин.“ Така – рече папата Фрањо – срцето станува затворено.

И на нас понекогаш ни се „згадува од Божјиот стил“, така што не ги прифаќаме Неговите дарови. Тоа е грев, тоа е отров, тоа ја одзема радоста и оневозможува напредок – предупреди Светиот Отец. Меѓутоа, тој грев го решил Исус на Голгота, земајќи го на Себе отровот на гревот. Млакоста на душата, делумноста во христијанството, да се биде „христијанин, но…“ – тоа се лекува само со погледот на Исусовиот крст, „гледајќи во Бог Кој на Себе ги зема нашите гревови“ – рече Папата.

Таквите „христијани, но… „умираат во пустината на својата потиштеност, своите мрморења, одбивањето на Божјиот стил – предупреди уште еднаш Папата и поттикна да гледаме на Христос (распнатиот) – на Него да ги видиме сите гревови на светот и да молиме за милост да ги прифатиме тешките моменти, да го прифатиме Божјиот стил на спасение. „Нека ова Света седмица, која ќе започне во недела ни помогне да го избегнеме тоа искушение и да станеме „христијани, но…“ – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Фотографија: Осерваторе Романо

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот