Папата Фрањо на плоштадот Свети Петар во Ватикан на 5 август 2018 година пред молитвата Ангел Господов се обрати на собраниот народ и поклоници осврнувајќи се на делот од Евангелието од неделната Литургија.
Последната недела Литургијата ни ја даде сликата за големата нежност на Исус која ја искажа на средбата со мноштвото луѓе и нивните потреби – рече Папата во својот наговор и забележа: Во денешното Евангелие ситуацијата е сменета. Мноштвото кое го нахрани Исус, повторно го бара Исус и му оди во пресрет. Но, за Исус не е доволно луѓето да го бараат, туку сака да го запознаат, сака потрагата за Него и средбата со Него да ги надмине задоволувањето на моменталните материјални потреби.
Исус дојде за да ни донесе нешто повеќе, да го отвори нашиот живот за видикот поширок од секојдневните грижи за храна, облека, работа и така натаму – рече Светиот Отец и продолжи: Затоа, обраќајќи се кон мноштвото ќе рече: „Вие не Ме барате затоа што видовте чудеса, туку затоа што јадовте од лебовите и се наситивте.“ Така ги поттикнува луѓето да направат чекор напред, да се прашаат за значењето на чудата, а не само за да добијат директна помош. Имено, умножувањето на лебот и рибите се знак на голем дар, кој го даде Отецот на човештвото, а тоа е самиот Исус.
Тој, вистинскиот „леб на животот“ сака да го насити не само телото, туку и душата, давајќи духовна храна која може да ја задовли најголемата глад – нагласи папата Фрањо и објасни: Затоа го повикува мноштвото да не се грижи за храна која Исус ја дава секој ден: своето Слово, своето Тело и својата Крв. Мноштвото го слушна повикот Господов, н не го разбра значењето, како што често пати се случува со нас, па затоа и го прашаа: „Што да правиме, за да извршуваме дела Божји?”
Исусовите слушатели мислеле дека од нив бара да ги почитуваат заповедите како би добиле други чуда, како она со умножувањето на лебовите – рече папата Фрањо и истакна: Тоа често е искушение; верата да се сведи на примена на законите, пресликувајќи го нашиот однос со Бог, слика за однос помеѓу слуга и неговиот господар: слугите мора да ги извршуваат задачите, кои им ги дава господарот за да би ја добиле неговата благост. Затоа мноштвото сака да дознае од Исус, кои дела треба да ги прават за да му угодат на Бога.
На тоа Исус дава неочекуван одоговор: „Делото Божјо е ова: да поверувате во Оној, Кого Го испрати Он” – истакна Светиот Отец и додаде: Тие зборови денес се упатени и на нас. Божјото дело не се состои во „правење“ на некои работи, туку да се „поверува“ во Оној, Кого Го испрати Он. Тоа значи дека верата во Исус ни овозможува да вршиме дела Божји. Ако се препуштиме на тој однос на љубов и доверба со Исус, ќе бидеме способни да правиме добри дела кои произлегуваат од Евангелието, за добро и во корист на браќата.
Исус нѐ повикува да не заборавиме дека е потребно да се грижиме за лебот, но уште е поважно да се негува односот со Бог, да ја зајакнеме својата вера во Него, кој е „леб на животот“ и кој дојде да ја насити нашата глад за вистина, правда и љубов.
Нека блажена Дева Марија денес, кога се потсетуваме на посветувањето на базиликата Света Марија Велика во Рим, ни помогне на нашиот пат на вера и нека ни помогне радосно да се препуштиме на Божјиот план кој го има за нашиот живот – заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк