Папата: Да не ги заборавиме сиромашните, христијаните не се вртат од другата страна

Папата: Да не ги заборавиме сиромашните, христијаните не се вртат од другата страна

„Ве молам, да не ги заборавиме сиромашните“, повика во недела 17 ноември 2024 година, папата Фрањо во својата проповед на светата Литургија во базиликата Свети Петар во Ватикан по повод Светскиот ден на сиромашните.

Осврнувајќи се на навестениот евангелски пасус, Светиот Отец рече дека зборовите кои ги слушнале можат да предизвикаат чувства на вознемиреност, но всушност се голема најава за надеж. „Имено, ако од една страна изгледа дека Исус ја опишува состојбата на духот на оние кои го виделе уништувањето на Ерусалим и помислиле дека дојде крајот, во исто време, Тој навестува нешто необично: токму во часот на темнината и пустошот, токму кога изгледа дека сè се руши, доаѓа Бог, Бог ни се приближува, Бог нè собира да нè спаси“, истакна Светиот Отец, додавајќи дека Исус нè повикува да го изостриме погледот, да имаме очи способни да „ги читаат одвнатре“ настаните од историјата, со цел да откриеме дека, дури и во грижите на нашите срца и на нашето време, постои непоколеблива надеж што сјае.

Затоа папата Фрањо и размислуваше за вознемиреноста и надежта. Тој рече дека вознемиреноста е широко распространето чувство во нашето време, каде што социјалната комуникација ги засилува проблемите и раните, правејќи го светот понесигурен, а иднината понеизвесна.

И денес, имено, гледаме како сонцето се помрачи и како месечината повеќе не сјае, сведоци сме на гладот ​​и бедата што погодуваат толку многу браќа и сестри, ги гледаме ужасите на војната и смртта на невините; а пред тој призор ризикуваме да потонеме во обесхрабрување и да не го забележиме Божјото присуство во драмата на историјата. Така самите себе се осудуваме на немоќ.

Светиот Отец истакна дека во такви ситуации и самата христијанска вера се сведува на безопасна побожност која не ги вознемирува силите на овој свет и не раѓа конкретна ангажираност за милосрдие. „Но, овде Исус, среде тој апокалиптичен призор, дава надеж. Тој го проширува хоризонтот, го проширува нашиот поглед за да научиме да го препознаваме, исто така и во неизвесноста и болката на светот, присуството на Божјата љубов која ни се приближува, не нè напушта, работи за нашето спасение“, додаде Петровиот наследник.

Ние, неговите ученици, можеме, благодарение на Светиот Дух, да ја шириме таа надеж во светот. Ние сме тие кои можеме и мораме да ги запалиме светлата на правдата и солидарноста додека се наѕираат сенките на затворениот свет. Ние сме оние кои дозволуваaт неговата благодат да блесне, нашиот живот проткаен со сочувство и милост станува знак на Господовото присуство, секогаш блиску до страдањата на сиромашните, за да им ги олесни раните и да им го промени животот.

Папата Фрањо ги охрабри присутните да не заборават дека христијанската надеж, која се исполнува во Исус и се остварува во неговото царство, има потреба од нас и нашето ангажирање, вера делотворна во љубовта, христијани кои не ја вртат главата на друга страна.

„И не смееме да гледаме само на големите проблеми на светската сиромаштија, туку и на она малку што сите можеме да го правиме секој ден: со нашиот начин на живот, внимание и грижа за средината во која живееме, упорно барајќи правда, споделувајќи ги нашите добра со оние кои се посиромашни, социјална и политичка посветеност да ја подобриме реалноста што не опкружува. Можеби сето ова ќе ни изгледа како мала работа, но тоа наше малку ќе биде како првите лисја што никнуваат на смоква, тоа наше малку ќе биде навестување на летото што е веќе близу.“ рече Светиот Отец и истакна дека „ние, всушност, стануваме Црква Исусова до степен до кој им служиме на сиромашните, бидејќи само така „Црквата станува она што е, односно дом отворен за сите, место на Божјото сочувство за живот на секоj човек“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот