Папата: Дали моето богатство е Исус и неговата наука?
Нè не прават свети или грешни надворешните работи, туку нашето срце е она кое ги изразува нашите намери, избори и желби – рече папата Фрањо време на Генералната аудиенција на 30 август.
Нè не прават свети или грешни надворешните работи, туку нашето срце е она кое ги изразува нашите намери, избори и желби. Надворешното однесување е последица на она што што сме го одлучиле во срцето – рече папата Фрањо на Генералната аудиенција на 30 август. После молитвата Ангел Господов повика за помош на прогонетите христијани на Блискиот Исток и на молитва за бегалците кои овие денови ги загубија животите.
Во неделниот евангелие – потсети папата Фрањо – фарисеите му приговараат на Исус што неговите ученици не држат до „преданието на старите“. Се работело за традиции кои ги содржеле не само Божјите заповеди објавени од Мојсеј, туку и серија упатства кои дополнително го одредувале Мојсеевиот закон. Фарисеите тие норми скруполозно ги применувале како израз на автентична религиозност. Исус на нивните приговори одговара дека ја отфрлиле Божјата заповед и се држат до човечкото предание.
Со тие зборови и нас нè предупредува да не помислиме дека надворешното одржување на законот е доволно за да бидеме добри христијани. И ние сме во опасност да се сметаме за подобри од другите само затоа што ги следиме правилата и обичаите дури и ако не го љубиме ближниот или пак сме со тврди срца и горделиви. Буквалното држање на редот е јалово ако не го менува срцето и не води до конкретно однесување: отвореност за средба со Бог во молитвата и со Неговото Слово, барање на праведност и мир, помагање на сиромашните, слабите и угнетените – предупреди Светиот Отец, додавајќи:
Сите знаеме, во нашите заедници и парохии, колку зло прават на Црквата и колку соблазнуваат, луѓе кои се изјаснуваат за „големи католици“ и кои често одат во црква, но потоа во секојдневниот живот го занемаруваат семејството, зло зборуваат за другите и така натаму. Тоа Исус го осудува, бидејќи тоа е против-христијанско сведоштво!
Нагласувам дека човекот не го прави нечист она што од надвор во него влегува, туку она што излегува од неговото срце – продолжи папата Фрањо – Исус го истакнува првенството на внатрешноста: не се надворешните работи кои нè прават свети или не, туку срцето е она кое ги изразува нашите намери. Надворешното однесување е последица на одлуките во срцето, но не и спротивното: ако со надворешното однесување срцето не се менува, тогаш не сме вистински христијани.
Затоа – заклучи Папата – границата помеѓу доброто и злото поминува во човечката совет, а не е некаде надвор од нас. Затоа можеме да се запрашаме: Каде се наоѓа моето срце? Исус рече: „каде што ти е богатството, таму ти е и срцето.“ Што е моето богатство? Дали тоа е Исус и неговата наука? – праша Светиот Отец и препорача: Срцето треба да се прочисти и обрати. Без очистено срце не може да се има вистински чисти раце и усни за искрено да навестуваме љубов, милосрдие и прошка.
По молитвата Ангел Господов – со намера за ослободување од секое лицемерие – Папата потсети на вчерашната беатификација на сириско-католичкиот епископ и маченик, Флавиј Михаил Мелкиј. И денес на Блискиот Исток и во други делови во светот христијаните се прогонувани. Има повеќе маченици отколку во првите векови – рече Папата, посакувајќи прогласувањето за блажен на епископот Мелкиј да биде утеха, но и „поттик на законодавците и владите насекаде да се загарантира верската слобода. Од меѓународната заедница барам да направи нешто за насилството и злопотребата да се прекинат.“
Папата исто така повика на молитва за сите мигранти кои страдат и кои го загубиле животот – спомнувајќи си посебно на оние кои се пронајдени мртви на автопатот Будимпешта – Виена. Да ги предадеме на Божјото милосрдие и од Него да молиме да ни помогне ефикасно да соработуваме за да се спречат такви злосторства, кои го навредувеаат целото човечко семејство – истакна Светиот Отец.
РВ/к.мк/Д.И.