Папата го прослави својот 78 роденден

Свечена и радосна атмосфера ја означи Генерална аудиенција во среда 17 декември по повод 78 роденден на папата Фрањо. Додека поминуваше низ мноштвото Папата го запре група богослови Христови легионери кои му пружија роденденска торта со запелени свеќички. Светиот Отец ја искористи можноста и да се напие матеа традиционален аргентински пијалок кој што му го понудија поклониците. На улицата која води до плоштадот Свети Петар Via della Conciliazione се играше танц за прославата на роденденот на Папата. Радио Ватикан и Католици.мк користејќи ја ова можност се придружува на католиците од целиот свет и му посакува на папата Фрањо благословен роденден. Ad multos annos!

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот