Папата го прими францускиот претседател Франсоа Оланд
На 24 јануари Светиот Отец го прими во аудиенција францускиот претседател Франоса Оланд, кој потоа се сретна со Државниот секретар, архиепископот Пиетро Паролин и архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.
За време на срдечниот разговор е истакнат доприносот на религијата за општото добро – се вели во соопштението од Канцеларијата за печат при Светата Столица. Потсетувајќи на добрите односи помеѓу Франција и Светата Столица, соговорниците ја потврдија взамената ангажираност за одржување на редовен дијалог помеѓу државата и Католичката црква, и конструктивната соработка за прашања поврзани од општ интерес. Што се однесува за заштитата и промовирањето на достоинството на личноста, разгледани се некои актуелни теми, како што се семејството, биоетиката, почитувањето на верските заедници и грижата за верските места.
Потоа разговорот продолжи за теми од меѓународен карактер, како што се сиромаштвото и развојот, миграцијата и животната средина. На крајот станало збор за судирите на Блискиот Исток и некои подрачја во Африка, и е изразена желба во спомнатите земји да се воспостави мирен општествен соживот, и тоа преку дијалог и учество на сите актери од општеството, како и почитување на правата на сите луѓе, а посебно на етичките и верските малцинства – се истакнува на крајот од соопштението.
РВ/го*ко