Папата Фрањо го прими српскиот претседател Александар Вучиќ во Ватикан во четврток, на 12 септември.
Претседателот Вучиќ потоа се состана со државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин и со секретарот за односи со државите архиепископот Пол Ричард Галагер.
Во соопштението од Светиот Престол се вели дека разговорите биле срдечни и отворени и беше исто така изразено задоволство од добрите односи меѓу Светиот Престол и Србија. Беше истакнат и придонесот на католичката заедница за доброто на земјата, особено на социјалното поле. Се зборуваше за состојбата во земјата и чекорите кон европската интеграција. Тие разговараа и за прашања од заеднички интерес во регионалниот контекст, особено за важноста од промовирање на плодна соработка меѓу народите во служба на мирот и позитивната улога што религиите би можеле да ја имаат во процесот на помирување.
Ватикан њуз/к.мк