Папата го прими рускиот претседател Путин

Папата Фрањо во вечерните часови во понеделник 25 ноември го прими во аудиенција рускиот претседател Владимир Путин.

За време на средбата, која траеше околу 35 минути, претседателот Путин и Светиот Отец дискутираа за неколку теми, вклучувајќи го и придонесот на христијанството во Русија.

Во соопштението објавено од страна на Светата Столица стои дека посебен акцент е ставен на моменталната ситуација на Блискиот Исток, особено во Сирија. Претседателот Путин, понатаму се вели во соопштението, изрази благодарност за писмото упатено до него од страна на Светиот Отец по повод Самитот на Г-20 во Санкт Петербург. “

„Тие ја истакнаа итната потреба да се стави крај на насилството и да се донесе потребната хуманитарна помош за населението, како и да се промовираат конкретни иницијативи за мирно решение на конфликтот, кои ќе го застапуваат патот на преговори и ќе вклучи различни етнички и верски компоненти, признавајќи ја нивната неопходна улога во општеството. “

На традиционалната размена на подароци, Светиот Отец му поклони на рускиот претседател мозаик од Ватиканските градини. Рускиот претседател пак на Светиот Отец му ја поклони иконата на Богородица Владимирска, која важи за заштитничка на Русија.

„Дали ви се допаѓа иконата”, праша претседателот Путин на што Светиот Отец едноставно одговори: „Да.” Рускиот претседател Путин, прекрстувајќи се ја бакнал иконата, потоа и папата Фрањо го стори истото.

По средбата со Светиот Отец претседателот Путин се сретна со државниот секретар на Ватикан, монсињор Пјетро Паролин, придружуван од секретарот за односи со државите, архиепископот Доминик Мамберти .

По состанокот, отец Федерико Ломбарди  директор на Канцеларија за печат на Светата Столица, ги информираше новинарите, истакнувајќи дека средбата била „срдечна ” и „конструктивна”. Патер Ломбарди рече дека папата Фрањо искажа благодарност до претседателот Путин, кој ги пренесе поздравите на патријархот на Москва, Кирил I.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот