Папата го прими претседателот на Црна Гора

Во четврток 20 март Светиот Отец го прими на аудиенција претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ. Во срдечниот разговор, како што е соопштено од Канцеларијата за печат при Светата Столица, изразено е задоволство од добрите билатерални односи, потврдени со Рамковниот договор, кој е за општо добро за општеството и поттикнува соработка помеѓу Црквата и државата.

Разменети се мислења за теми од заеднички интерес, за проблемите во Југоисточна Европа, како и за интеграцијата на Црна Гора во евроатланските институции.

По разговорот со Светиот Отец, претседаателот Вујановиќ, се сретна со кардинал Пјетро Паролин, Папски државен секретар и со архиепископот Доминик Мамберти, секретар за односи со државите.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот