Папата го прими Ноел Дијаз – основач на радио и телевизиската мрежа ESNE

Папата го прими Ноел Дијаз – основач на радио и телевизиската мрежа ESNE

Ноел Дијаз, основач на радио и телевизиската мрежа ESNE, вели дека верниците мора да се вклучат во посланието на Црквата и да допрат до сиромашните и маргинализираните.

Ноел Дијаз пораснал во екстремна сиромаштија на улиците на Тихуана, Мексико. Сега раководи со ESNE, католичка телевизиска и радио мрежа на шпански јазик со седиште во Соединетите Американски Држави.

Сепак, и покрај овој успех, г-дин Дијаз е внимателен и сака да ги задржи сиромашните и маргинализираните во центарот на она што го прави, слушајќи го повикот на папата Фрањо за Црква која оди „на периферијата“.

Тешко детство

„[Јас] доаѓам од навистина сиромашно соседство“, вели г-дин Дијаз, „со самохрана мајка, така што пораснав без тактко и без браќа и сестри“. Тој и неговата мајка живееле во картонска куќа, па дури и биле во затвор заедно некое време кога имал девет години, откако неговата мајка била обвинета дека купила украден велосипед.

Една приказна од неговото детство особено останала врежана во сеќавањето на г-дин Дијаз. Кога имал седум години, му било кажале дека нема да може да ја прослави својата Прва Причест заедно со соучениците, бидејќи мајка му нема пари да купи белата кошула и црни панталони што му се потребни. Решен да не биде изоставен, тој почна да чисти чевли на улиците на Тихуана. „Застанав во продавниците и прашував „Дали имам доволно за бела кошула?“, вели тој, „и на крајот можев да си купам кошула и панталони, па дури и чевли“.

Одење на периферијата

Оваа приказна, вели г-дин Дијаз, го погоди папата Фрањо кога двајцата се сретнаа во 2015 година. Папата го охрабри да продолжи со своето обраќање до сиромашните и маргинализираните, особено мигрантите, теми кои Папата постојано ги нагласува во неговиот понтификат.

ESNE води сиропиталиште во Мексико со речиси 30 вработени. Исто така, работат и со илегални имигранти во САД, обезбедувајќи им поддршка кога не можат да патуваат назад во нивните матични земји за да бидат со нивните семејствата и е одговорен за проекти за евангелизација во Мексико и Централна Америка.

Вклучување на верниците

Папата Фрањо, исто така, често зборува за важноста од вклучување на верниците во посланието на Црквата.

Г-дин Дијаз се согласува со цело срце: „Послание на сите крстени е да бидат пророци, да ја шират Радосната вест, да ги споделуваат вредностите на христијанскиот живот“.

„Многу е убаво“, вели тој, „благослов е да знаеш дека можеш да служиш додека си здрав, додека имаш живот, а не да бидеш себичен и само да мислиш на себе… вистинска среќа е кога навистина се даваш себеси без да очекуваш било што за возврат освен мирот што Бог може да ти го даде“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот