Папата го прими митрополитот Антониј, раководител на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија
Ова е прва посета на православниот претставник во Ватикан по неговото назначување во јуни, наследувајќи го митрополитот Иларион.
Папата Фрањо во аудиенција во Ватикан во петок 5 август 2022 година го прими митрополитот Волоколамски Антониј, кој минатиот јуни го замени митрополитот Иларион на чело на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија. Средбата е дел од екуменските контакти меѓу Папата и Московската патријаршија и следи по видеразговорот меѓу папата Фрањо и православниот московски патријарх Кирил, кој се одржа на 16 март годинава.
Токму Иларион седна до Кирил за време на видеоповикот во март, кога Папата му изрази на Патријархот на цела Русија убеденоста дека во врска со драмата на војната во Украина, должност на христијаните и нивните пастири е да „направат сè во напорите да се постигне мир, да им се помогне на оние кои страдаат и да се запре огнот, бидејќи луѓето ја плаќаат сметката за војната“.
Потоа, на 25 април, папата Фрањо испрати писмо со добри желби до патријархот Кирил по повод Воскресението Христово до Католичките и Православните цркви кои го следат јулијанскиот календар. „Светиот Дух“, напиша Папата во пасус од писмото, „нека ги преобрази нашите срца и нека нè направи вистински миротворци, посебно за Украина разурната од војна“, додека „ние ја чувствуваме целата тежина на страдањата на нашето човечко семејство, уништени од насилство, војна и многу неправди“.
Ватикан њуз/к.мк