На 25 февруари 2019 година во домот Света Марта папата Фрањо го прими шеикот Абдалах Бен Зајед Ал Нахијан, министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, на кој му дарува 200 примероци од Декларацијата за човечкото братство.
Историјата нема да заборави, рече шеикот, коментирајќи ја важноста од настанот пред дваесетина дена, кој даде печат на новиот пат во односите меѓу Црквата и исламот. На насловната страна од декларацијата го прикажуваат папата Фрањо со големиот имам на џамијата Ал Ахзар, Ахмад ал Тајиб, по повод потпишувањето на декларацијата која како заеднички јазик ја одбра културата на дијалог.
Зборувајќи за Светскиот самит на влади, кој пред две седмици се одржа во Дубаи, шеикот Бен Зајед ги истакна чекорите кои ги презедоа Папата и големиот имам. Кој од нас можеше да замисли дека „двата симболи“ со таа големина може да ги надмине сите препреки како би го потпишале документот за помирување во светот кој е одбележен со политички спротивставености, поттици на омраза, насилство и екстремизам.
Ватикан њуз/к.мк