Папата Фрањо на 13 септември 2017 година, по Генералната аудиенција, во домот Света Марта се сретна со свештеникот салезијанец дон Томас Узуналил, индиски мисионер кој беше киднапиран на 4 март 2016 година, од исламисти.
Папата Фрањо на 13 септември 2017 година, по Генералната аудиенција, во домот Света Марта се сретна со свештеникот салезијанец дон Томас Узуналил, индиски мисионер кој беше киднапиран на 4 март 2016 година, кога исламистичките напаѓачи влегоа во домот за стари лица во Аден, со кој управуваа Мисионерките на љубовта. Во нападот настрадаа 16 луѓе, а меѓу нив и четири монахињи. Дон Томас пристигна во седиштето на салезијанците во Рим, за да закрепне, а потоа ќе се врати во Индија.
Салезијанецот беше во придружба на надбискупот на Бомбај, кардинал Освалд Гарсија, кој учествуваше на заседавањето на Кардиналскиот совет. Осерваторе Романо пренесува дека дон Томас ги бакнал рацете на Папата и се наведнал за да ги бакне нозете на Светиот Отец. Папата Фрањо од своја страна го прегрнал свештеникот, кажувајќи му дека се молел за него додека бил во заробеништво.
Дон Томас за Осерваторе Романо, рекол дека иако за време на своето заробеништво не можел да служи света Литургија, во својата внатрешно секојдневно ги изговарал зборовите од светата Литургија. Исто така рече дека посебно се моли за четирите монахињи кои беа убиени во нападот. Додаваме дека Канцеларијата за печат на Светиот Престол по ослободувањето на свештеникот објави соопштение во кое Светиот Престол се заблагодарува на сите кои работеле на ослободување на дон Томас, а посебно на сулатнот од Оман како и на надлежните органи на султанот.
РВ/к.мк