Папата го прими во аудиенција палестинскиот претседател Абаз

Папата го прими во аудиенција палестинскиот претседател Абаз

На 14 јануари 2017 година папата Фрањо го прими во аудиенција претседателот на палестинската држава Махмуд Абаз.

Во текот на средбата која траеше 25 минути како што е соопштено од Канцеларијата за печат на Светиот Престол разговарале за мировниот процес на Блискиот Исток, а истакната е и важноста за заштитата на светите места.

Тоа беше средба во знак за ми на Блискиот Исток. Папата Фрањо и палестинскиот претседател Махмуд Абаз познат како Абу Мазен „разговараа за мировниот процес“ на Блискиот Исток, изразувајќи надеж да се обноват директните преговори помеѓу страните за да стави крај на насилството, кое на цивилното население му предизвикува ужасно страдање и да се постигне праведно и долгорочно решение.

За таа цел соговорниците посакаа со поддршка на меѓународната заедница да се преземат мерки за поттикнување на взаемна доверба и да се придонесе за создавање атмосфера која овозможува донесување на храбри одлуки во корист на мирот. Посебно внимание е посветено на „другите конфликти кои го мачат тоа подрачје“. Папата и претседателот Абаз повторно „потсетија на важноста за заштита на светите места за сите верници на трите авраамски религии– стои во соопштението.

Освен тоа истакнати се добрите односи помеѓу Светиот Престол и Палестина потврдени со Глобалниот договор од 2015 година кој се однесува на важните аспекти на животот и делувањето на Црквата во палестинското општетсво. Во тој контекст Папата и Абаз го истакнаа важниот придонес на католиците во промовирањето на човековото достоинство и поддршката на оние во потреба, посебно во подрачјата на воспитанието, здравството и поддршката – стои во заклучокот на соопштението.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот