Папата го посети домот „Дар на Марија“

Ватикан, 22.5.2013 /к.мк/ – Во вторник 21 мај во 17.30 часот папата Фрањо се сретна со чесни сестри, волонтери и сиромашни во домот Дар на Марија (Dono di Maria), кој го водат Сестрите Мисинерки на љубовта, а се наоѓа во Ватикан веднаша до зградата на Конгрегацијата за наука на верата.

Овој дом е отворен во 1998 година од страна на блажениот папа Иван Павле II И блажена Мајка Тереза. Во овој дом секојдневно се подготвуваат оброци за стотина сиромашни лица, им се нуди краток престој и медицинска помош. Почесниот папа Бенедикт XVI исто така го посети овој дом во 2008 година. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<