Папата го именува кардинал Тагле за префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите
Кардинал Фернадо Филони е именуван за голем мајстор на Витешкиот ред на Светиот Гроб. Надбискупот од Манила, кардинал Тагле е именуван на неговото место, префект на Конгрегацијата за евангелизација на народите
Луис Антонио Тагле е роден 1957 година во Манила, во католичко семејство. Неговиот татко е од етничката група Тагалог, а мајка му е со кинеско потекло. За свештеник е ракоположен во 1982 година. Студира во САД, каде докторира по теологија. Во Рим поминува седум години за да ги продлабочи своите истражувања, а во 1997 година станува член на Меѓународната теолошка комисија.
Кога има 44 години свети Иван Павле II го именува за бискуп во Имус. Тогаш посебно се посветува на пасторал со млади и во Имус започнува со првата средба на млади во Азија. Во октомври 2011 година папата Бенедикт XVI го именува за надбиксуп митрополит на Манила, а тринаесет месеци покасно, во 2012 година е вброен во Кардиналскиот колегиум. Освен тоа кардинал Тагле е претседател на Меѓународниот Каритас и Католичкиот библиски сојуз.
Со оваа одлука папата Фрањо повторно покажува внимание кон азискиот континент.
Папата Фрањо го именува 73 годишниот кардинал Фердинанд Филони за голем најстор на Витешкиот ред на Светиот Гроб.
Ватикан њуз/к.мк